Рускоска за притворот на Зекири: Не знаевме дека ќе поднесува оставка
Објавено во: Македонија 11 Април, 2022 11:32
Обвинителката Вилма Рускоска за предметот за истрагата за проневера која е покрената против генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, кој веќе е притворен, како.и уште двајца хрватски државјани, вели дека не е политичка пресметка.
- Според доказите што ги собравме во текот на предистрагата, не е политичка пресметка. Ја отворивме во четвртокот попладне, каде ќе не одведе, ќе видиме. Секогаш може да биде проширена. Нема да гледаме во кристална кугла, затоа и се води истрагата, рече шефицата на Обивнителството за организиран криминал во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.
Рускоска додава дека откако ќе завршат процедурите со кривичниот суд, ќе се побара соработка со хрватското обвинителство.
- Откако ќе ја добиеме таа информација, ќе се обратиме до надлежното обвинителство во Хрватска. Ќе презентираме што имаме и доколку се согласат на постапка, доказите ќе ги доставиме, додаде таа.
Рускоска вели дека нејзиното обвинителство не било запознаено дека Зекири ќе поднесе оставка на функцијата генерален секретар на Владата и затоа сметале дека можеби ќе влијае на истрагата и бил побаран притвор.
- Дека поднел оставка, ние разбравме од медиумите. Сметавме дека веројатно ќе се сослушуваат сведоци, може да се попречува истрагата. Ние во петокот само од медиумите знаевме дека поднел оставка, затоа можел да влијае, вели Рускоска.
Како што рече обвинителката, шроблемот е што е тендерот со консултантите бил направен во четири очи.
- Колку поевтино би можел да чини не знаеме, може да чини 150.000 евра, наместо милион евра. Кога би имало електронска аукција, би имало симнување на цените, рече Рускоска и дополни дека нема притисоци над истрагат и дека ќе се движи брзо.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




