Русковска вели дека и сопственикот на Беса Транс возел еден од автобусите
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2021
Обвинителката Вилма Русковска за Телма телевизија ги објасни деталите кои на обвинителите им ги открил сопственикот на компанијата Беса Транс, чиј автобус изгоре минатата недела во Бугарија.
Четири автобуси тргнале од Турција, но тие ја минале границата со Бугарија во различен период, затоа што дел од патниците инсистирале да одат на шопинг, а токму ова е причината за тоа зошто конвојот се раздвоил.
„Всушност сопственикот бил и како втор возач. Кажа дека овој автобус возел позади нив. Значи тие веќе биле стигнати на граничниот премин во Бугарија, по излегување од Турција, а овие биле еден или два автобуси позади нив. Тогаш ми кажа дека тој и сопругата биле во тој вториот автобус, додека пак во четвртиот биле неговите деца“, изјави Русковска.
Вели дека сопственикот бил видно вознемирен и потресен. Во автобуската несреќа која минатата недела се случи во Бугарија, загинаа 45 луѓе. Агенцијата остана без лиценца за работа.