04 Мај, 2024
0.0246

Ryanair откажа над 2000 летови: Кои се можностите за патниците?

Објавено во: Свет 20 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Ирската авиокомпанија Ryanair поништи над 2.000 летови низ целиот свет. Сега превозникот треба да се поврзе со сите 400 илјади патници, за да им каже дека нивниот лет е откажан. Авиокомпанијата натера 18 милиони иматели на билети да се прашуваат дали нивните планови за патување ќе бидат уништени.

Извршниот директор Мајкл О'Лири се извини "безрезервно" за "збрката". Меѓутоа со блага ароганција тој рече дека патниците кои си ветиле дека никогаш повеќе нема да летаат со Ryanair со, сигурност повторно ќе се вратат кон услугите на авиокомпанијата бидејќи нејзините цени се пониски. "Нашата резервациска машина е полна со патници кои се заколнаа дека никогаш нема да летаат со нас повторно", рече тој.

Ако и вие сте меѓу оние кои треба да се ги преуредуваат своите планови за патување, еве неколку совети кои ги skyscanner собра:

Од Ryanair изјавија дека ќе се поврзат со секој на кого летот му е откажан. Ќе добиете е-маил меѓу 6 и 48 часа пред полетувањето, затоа проверувајте ја почесто влезната пошта. Ако не сте добиле е-маил, тогаш вашиот лет се движи по распоред.

Летот ми е поништен. Кои се моите опции?

Независно од тоа, дека сте известени за поништување на вашиот лет Ryanair дава две можности - да поднесете документи за обнова на средствата или бесплатно да го промените укинатиот лет.

Можете да го промените летот како влезете во вашиот профил во Ryanair и одберете различен лет, кој одговара на вашите потреби за патување.

Може ли да добијам дополнителна компензација?

Авиокомпаниите обично треба да ја обноват цената на билетот и да платат дополнителни 250 евра за летови над 1 500 км и 400 евра за оние помеѓу 1 500 - 3 500 км.

Според законите на ЕУ, ако Ryanair го откажа летот повеќе од две неделна најава, вие имате право да ја добиете само цената на билетот.

Ако добиете известување помеѓу 7 и 14 дена пред полетување, можете да побарате надомест, само ако Ryanair не Ви предложи друг билет за летот, кој ќе тргне 2 часа по првичното време за заминување и стигне до вашата дестинација помалку од 4 часа по планираното време за пристигнување на претходниот лет.

Ако добиете најава помалку од седум дена пред планираниот лет и немате заменувачки лет, тогаш ќе имате право на компензација наведена погоре.

Ако сте погодени од откажаните летови на Ryanair може да контактирате со авиокомпанијата ТУКА.


Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време