27 Април, 2024
0.0286

САД: Го поддржуваме правото на протест на Кинезите

Објавено во: Свет 29 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

САД официјално ги поддржаа луѓето во Кина кои протестираат против строгите мерки на владата против коронавирусот.

На луѓето треба да им се дозволи правото да се собираат и мирно да протестираат против политиките, законите или диктатите на кои се спротивставуваат - изјави за новинарите портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби и додаде дека Белата куќа го поддржува правото на мирен протест.

Тој додаде дека САД не добиле никакви барања од Кина за вакцини, откако некои експерти сугерираа дека кинескиот претседател Кси Џинпинг можеби ќе мора да увезе западни вакцини доколку одлучи да ги релаксира политиките на неговата земја во борбата против коронавирусот.

Кина и САД имаат многу тензични односи во последниве години. На првиот американско-кинески самит меѓу претседателот Кси и претседателот Џо Бајден беа разменети недипломатски зборови и стана јасно дека остануваат тешките односи меѓу двете најголеми светски сили.А

Односите дополнително се заладија кога претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети Тајван во август, што ја налути Кина. Сепак, се чини дека средбата на Бајден и Кси на самитот на Г-20 повторно ја отвори комуникацијата меѓу двете земји.


Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни