16 Јануари, 2025
0.0285

САД и ЕУ на иста линија: Поддршка за СЈО и непречена работа за Јанева

Јанева за Фактор денеска изјави дека СЈО ќе продолжи да инсистира да бидат изгласани измените на Законот за Специјалното јавно обвинителство и на Законот за заштитени сведоци.

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Откако пратениците на владејачката коалиција денеска не ги поддржаа барањата на Катица јанева и СЈО за измена на законот за заштитени сведоци и продолжување на рокот за работата на обвинителството, со соопштенија се јавија американската амбасада и Делегацијата на ЕУ во Скопје. Тие порачаа партиите потписници на договорот од Пржино да се придружуваат кон обврските и да им овозможат на Јанева и нејзиниот тим непречена работа и ја повторија својата поддршка за СЈО. 

„Ги охрабруваме сите партии да се придржуваат кон обврските преземени со договорите од Пржино и од 20 јули за да осигураат веродостојни избори и непречена работа на Специјалното обвинителство и на независните набљудувачи на медиумите“, се вели во соопштението на Американската амбасада во Скопје.

„Воспоставувањето отчетност за неавторизираните прислушувања и сомнежите за владина злоупотреба се суштествени за да може Македонија да излезе од продолжената криза. Веруваме дека се разумни барањата на СЈО за поддршка на темелна, независна истрага на фактите“, велат уште од амбасадата.

„Улогата на СЈО беше договорена од сите партии, како дел од Договорот од Пржино. Сите партии повеќепати се обврзаа да ја поддржат работата на СЈО. ЕУ ги охрабрува сите да дејствуваат во согласност со своите обврски и ја истакнува важноста на отчетноста“, соопштија од Делгацијата на ЕУ во Скопје.

Инаку Катица Јанева за Фактор денеска изјави дека СЈО ќе продолжи да инсистира да бидат изгласани измените на Законот за Специјалното јавно обвинителство и на Законот за заштитени сведоци.

„Овој или следниот парламентарен состав ќе мора да ги усвои потребните измени на Законот за Специјалното јавно обвинителство“, смета Специјалната јавна обвинителка.

Според Јанева, СЈО со несмален интензитет ќе работи на сите случаи побврзани со аферата „Прислушување“ за кои постојат индиции за против законско работење.

„Не исклучувам и понатаму да продолжат обидите за опструирање на нашата работата, но СЈО ќе ги користи сите механизми за непречено функционирање и нема да отстапиме од она што е наша мисија и задача, порача Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби