18 Мај, 2024
0.0846

САД и Турција удираат во срцето на „Исламска држава“

Објавено во: Балкан 08 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

САД и Турција подготват заедничка офанзива против престолнината на групата „Исламска држава“- Рака. Ова го соопшти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој имал разговор во 4 очи со американскиот колега Барак Обама за време на самитот на Г20, пренесоа турски медиуми.

„Обама сака да направиме нешто заедно за Рака. Ние му рековме дека тоа не е проблем за нас. Што може да се направи ќе стане јасно по преговорите“, рече Ердоган.

„Што може да се постигне по прашањето е поврзано со позицијата на САД“. Турција нема опција да отстапи назад, бидејќи терористичките групи ќе ја пополнат празнината. Од сега па натаму треба да покажуваме дека постоиме во регионот, категоричен беше турскиот претседател.

Барак Обама се обратил со молба до Ердоган, Турција да се приклучи кон планираната операција од САД за ослободување на сирискиот град Рака од терористи.

Ова беше потврдено од страна на турскиот вицепремиер Нуретин Джаникли.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу смета дека операциите во Мосул и Рака се неопходни за да може Ирак и Сирија да бидат исчистени од „Исламска држава“.

„Сметаме дека е важно да ги поддржуваме локалните сили на земјата - нема да биде можно да се елиминира, или дури да се запре организацијата само од воздух“, смета тој.

По средбата со претставници на сириската опозиција во Лондон Чавушоглу изјави дека има планови за политичката транзиција во Сирија.

„Важно е овие планови да се применат“, изјави Чавушоглу и додаде дека тие имаат потреба од поддршка на сите земји од сирискиот конфликт. Сириската опозиција која учествува во преговорите, претстави „патна карта“ за политичка транзиција во земјата.

Чавушоглу, рече дека не е можно за опозицијата да го поддржи останувањето на сирискиот претседател Башар Асад на функцијата.

„Останувањето на Асад значи продолжување на конфликтот и на хаосот. Затоа и не можеме да останеме со него и ние треба да се фокусираме на иднината на Сирија. Визијата на опозицијата целосно го покрива ова“, рече министерот.

Можеби ќе ве интересира

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?