САД СО СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ГРЦИЈА: Ќе зажалите ако му помогнете на иранскиот танкер
Објавено во: Македонија 20 Август, 2019
Секое настојување да му се помогне на танкерот на Иран може да се смета за пружање материјална поддршка за оние кои САД ги означи за терористичка организација и може да има потенцијални кривични последици-рекол претставник на САД.
САД и ставиле јасно до знаење на владата во Атина дека секое настојување да му се помогне на иранскиот танкер, кој плови кон грчките води откако е ослободен во Гибралтар, им значи поддршка на оние кои САД ги сметаат за терористи и дека би можело да има потенцијални кривични последици.
Тоа го кажал претставникот од Стејт департментот, кој навел дека САД ја пренеле својата „силна позиција“ до владата во Атина во врска со иранскиот танкер, за кој Вашингтон тврди дека носи нафта за Сирија.
Танкерот „Адријан Дариј 1“ од гибралтарското пристаниште во неделата касното почнал да плови кон Каламати во Грција.