Добивај вести на Viber
Компанијата на индискиот бизнисмен Сахара груп побара промена на одлуката на судот кој даде налог за забрана Субрата Рој и неговите двајца директори да ја напуштат земјата, се додека не ги достават оригиналните тапии за своите имоти во вредност од околу 4 милијарди долари.
Овие тапии треба да го покријат износот кој што Сахара груп треба да ја даде на индиското регулаторно тело СЕБИ.
Високиот советник C.A. Сандарам, претставник на Сахара, изјави пред високиот суд дека имало грешка во налогот на судот со кој се блокира излезот од земјата на челниците на компанијата, пренесуваат индиските медиуми.
Претходно Врховниот суд порача дека парите мора да се платат.
„Нема бегање и парите мора да се платат. Си дозволивте премногу да се криете, веќе не можеме да ви веруваме”, соопшти судот кој како краен рок за предавање на документите за сопственост на СЕБИ го постави 11 ноември, а Врховниот суд најави дека повторно ќе го разгледува случајот на 20 ноември.