Сакаат работа во Германија, а завршуваат на друг крај на светот
Објавено во: Финансии, Балкан 13 Јули, 2018
Српските граѓани сакаат да работат во Германија и Швајцарија, а завршуваат на друг крај на светот.
Обично работа наоѓаат во Словачка, Чешка и Русија.
Лани 1.122 граѓани се пријавиле дека ќе одат на работа во странство, а тоа е за 1.9% помалку од 2016 година.
Најголем дел од нив сакале да отпатуваат во Германија, Австрија и Швајцарија, а потоа следат Шведска, Норвешка и Канада.
Но, реално едно е сонот, а друго се можностите, и луѓето завршуваат на работа во Чешка, Словачка, Русија, потоа во Црна Гора, Хрватска, Словенија и мал дел во Малта и Германија. Повеќето од кандидатите се мажи.