САКААТ ТУКА ДА ОСТАНАТ: Балканска земја е рај за работници од Непал
Објавено во: Финансии, Балкан 10 Септември, 2019
Непалци и Индијци работат во Шибеник и Самобор во Хрватска и се повеќе од задоволни од условите за работа.
Преку агенциите за посредници поминале долг пат, тоа ги чинело скапо, но велат дека Хрватска за нив е ветена земја.
Странските работници велат дека од платите можат да одвојат пари и да им пратат на своите семејства.
Тие работат во стакленици каде берат домати.
„Работата е едноставна, воопшто не е тешка и имам шанса да им помогнам на децата и родителите. Луѓето се многу љубезни, ми помагаат и ме поддржуваат ако нешто ми треба“, вели Назрин Тимипир од Непал.
Таа раскажува дека во својата земја живеела во изнајмена куќа заедно со својот брат и трите деца, но земала мала плата, и затоа се надева дека ќе остане да живее во Хрватска.
Амбар Лимбу од Непал месец дена е во Самобор, му се допаѓа местото, и се надева дека сопругата и децата ќе му се придружат.
Ирфан Мохамада од Индија бил среќен кога му кажале дека во Хрватска е лето, има топло време и не паѓа снег често како во Швајцарија.
Дома работел како снимател, а сега бере домати во Хрватска за плата од 500 евра.
Читајте уште