20 Декември, 2025
0.0504

Самарас бара брзо исполнување на обврските кон меѓународните кредитори

Објавено во: Балкан 20 Август, 2013 13:22

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска одржа средба со 11 министри со кои дискутираше за обврските на секој од нив пред следната проценка што треба да ја направат меѓународните кредитори во септември. Министерот за реформи во администрацијата Киријакос Мицотакис по состанокот изјави дека се разговарало за  сите отворени прашања во министерствата во однос на обврските кои секој ги има преземено, и додаде дека временската рамка за ставање на државните службеници во шемата за мобилност ќе се почитува. Министерот за здравство Адонис Георгиадис, рече дека премиерот ја кооридинира работата на сите министерства после секоја нивна активност во одредена временска рамка и оти секој министер ги презентирал сите отворени прашања од својот ресор. На состанокот не присуствуваше отпретседателот на Владата и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос. Претставниците на тројката меѓународни кредитори на 21 септември повторно ќе ја посетат Грција за да направат нова проценка на имплементацијата на реформите кои земјата ги презеде како обврска во замена за финанскиска помош. Владини извори претходно изјавија дека Самарас побарал сите отворени прашања, особено оние кои се однесуваат на реформите во јавниот сектор, да се завршат до крајот на месецов. Моментално најголема загриженост предизвикуваат реформите во здравството и образованието, како и реконструкцијата на пошироката државна служба. Владата на Самарас мора да биде во позиција следниот месец да и покаже на тројката дека напредува трансферот на илјадници државни службеници во шемата за мобилност, каде што вработените добиваат намалена плата осум месеци пред да бидат преместени на друго работно место или отпуштени.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација