11 Октомври, 2024
0.0931

САМИТОТ НА „ОБСЕ“ ГО НАЛУТИ ПРИВАТНИОТ СЕКТОР: Кој ќе ни надомести за неработниот ден?

Објавено во: Финансии, Македонија 29 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

На прагот на претстојниот самит на ОБСЕ, кој ќе се одржи во четврток, Владата преку Министерството за труд и социјална политика донесе препораки според кои, приватниот сектор во градот Скопје,а посебно оние правни лица кои гравитираат во реонот Карпош и кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“, денес да работат со скратено работно време, односно до пладне, а утре воопшто да не работат.

Оваа одлука ги налути правните лица, кои негодуваат заради оваа препорака која треба да ја спроведат.

Велат дека не може државата да бара од нив да не работат, кога за ден и половина колку што нема да работат, ќе претрпат финансиски загуби.

„ Кој ќе ни ги надомести загубените пари заради неработењето? Државата не понуди да ни ги откупи тие денови, за да не поминеме без загуби. Зарем ние од џеб треба да даваме пари? Да, разбираме дека ова е настан важен за државата на кој треба да се претставиме во најдобро светло, но не по цена на нашиот бизнис и заработка. Државата требаше да си изнајде начин за да го реализира тоа, не да удри по нас кои и онака едвај работиме“ вели еден сопственик на продавница во близина на СЦ „Борис Трајковски“.

Тој вели дека револтот кај приватниот сектор е голем, бидејќи тие не земаат плата од државната администрација па да го чекаат неработниот ден со душа.

„ Ние се мачиме плата да извадиме и не е фер од државата да го бара ова од нас. Ние немаме никакви бенефиции, не користиме ништо од државата, никој не ни ги плаќа неработните денови, напротив, ние плаќаме кога работиме и сега од нас се бара ден и половина да ставиме клуч на врата. Не оди тоа така без некој да плати за тоа“ вели друг сопственик на правен субјект.

Граѓаните се гневни заради тоа што речиси цена недела е оневозможено нормалното функционирање во главниот град.

„Автобуси возат по други траси, се прават генерални проби, знаете, ние одиме на рабоота со автобус и не можеме да се прилагодиме на оваа ситуација. Јас каснев на работа заради тоа што 59ката не возеше по стандардната релација, па бев принудена да пешачам за да стасам ан работното место, каде што каснев“ вели вработена во една фирма во општина Карпош.

Од Министерството за труд и социјална политика неодамна соопштија декасите вработени во државната и јавната администрација на територија на градот Скопје, на 29 (денес) ќе работат со скратено работно време до 12 часот, а 30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Истиот нема да се одработува. 

„Оваа одлука се однесува и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, меѓутоа напоменуваме дека НЕ се однесува на јавните предучилишни установи, здравствените установи и безбедносните служби на подрачјето на градот Скопје. 

Информираме дека истите треба да изработат сопствени планови кои ќе овозможат непречено функционирање на установите. Се препорачува општините на градот Скопје и Градот Скопје да ги спроведат заклучоците . 

Воедно се препорачува на приватниот сектор на подрачјето на Градот Скопје, а особено во подрачјето на Општина Карпош  и општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „ Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ да ги спроведат заклучоците.

Ваквата одлука е донесена поради 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи“, информираа од МТСП.

Д.Т


Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ГОДИНИ РЕДОВНО ЗЕМАЛ ПЛАТА, А НЕ СЕ ПОЈАВУВАЛ НА РАБОТА: Собрал пари доволно за да купи две луксузни вили, а еве го неговото објаснување

ПЕТ ГОДИНИ РЕДОВНО ЗЕМАЛ ПЛАТА, А НЕ СЕ ПОЈАВУВАЛ НА РАБОТА: Собрал пари доволно за да купи две луксузни вили, а еве го неговото објаснување

САМО ВО ЕДНА ЗЕМЈА ПЛАТАТА Е ПОД 3.000 ЕВРА: Кои плати се добри плати за Европејците?

САМО ВО ЕДНА ЗЕМЈА ПЛАТАТА Е ПОД 3.000 ЕВРА: Кои плати се добри плати за Европејците?

НАШИОТ ПОЗНАТ БАНКАР АНТОНИО АРГИР ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БОРДОТ НА НЛБ ПРИШТИНА - дополнителна функција во рамките на НЛБ групацијата

НАШИОТ ПОЗНАТ БАНКАР АНТОНИО АРГИР ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БОРДОТ НА НЛБ ПРИШТИНА - дополнителна функција во рамките на НЛБ групацијата

КОМУ СМЕ МУ ГИ ДОВЕРИЛЕ НАШИТЕ ПАРИ - еве кои се „милијардери“, а колку има и во другите банки

КОМУ СМЕ МУ ГИ ДОВЕРИЛЕ НАШИТЕ ПАРИ - еве кои се „милијардери“, а колку има и во другите банки

ГОЛЕМ РАСТ НА ПЛАЌАЊЕТО СО МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН - граѓаните се повеќе се насочија кон дигиталните методи за купување

ГОЛЕМ РАСТ НА ПЛАЌАЊЕТО СО МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН - граѓаните се повеќе се насочија кон дигиталните методи за купување

БУРАТА СЕ СМИРИ, ДВЕТЕ БАНКИ ПРОДОЛЖУВААТ ПО СВОЈОТ ПАТ, НО ИНВЕСТИТОРИТЕ НЕ МИРУВААТ - блок трансакција со акциите на Комерцијална, кој плати 78 илјади евра

БУРАТА СЕ СМИРИ, ДВЕТЕ БАНКИ ПРОДОЛЖУВААТ ПО СВОЈОТ ПАТ, НО ИНВЕСТИТОРИТЕ НЕ МИРУВААТ - блок трансакција со акциите на Комерцијална, кој плати 78 илјади евра

ГЕРМАНСКИТЕ ПЛАТИ СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ДОЖИВЕАТ ШОКАНТНИ ПРОМЕНИ: Ова се точните износи на промените, некои ќе бидат намалени и за 160 евра

ГЕРМАНСКИТЕ ПЛАТИ СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ДОЖИВЕАТ ШОКАНТНИ ПРОМЕНИ: Ова се точните износи на промените, некои ќе бидат намалени и за 160 евра

„НА ЕВРОПА И ТРЕБААТ ПОСИЛНИ БАНКИ“: Шефицата на ЕЦБ вели спојувањето на Уникредит и Комерцбанк е тест

„НА ЕВРОПА И ТРЕБААТ ПОСИЛНИ БАНКИ“: Шефицата на ЕЦБ вели спојувањето на Уникредит и Комерцбанк е тест

АКЦИОНЕРИТЕ НА ТТК БАНКА ЌЕ БИРААТ ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР - еве зошто академик Камбовски доби позитивно мислење

АКЦИОНЕРИТЕ НА ТТК БАНКА ЌЕ БИРААТ ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР - еве зошто академик Камбовски доби позитивно мислење