18 Декември, 2025
0.0521

САМО ОБИЧНА БЕБЕШКА ЖОЛТИЦА ИЛИ ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКА СОСТОЈБА: Како да се откријат разликите и да се спаси животот на бебето

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2023 07:41

Добивај вести на Viber

Иако изминаа неколку дена по смртта на новороденчето од Прилеп кај кое беше констатирано дека почина од сепса предизвикана од бактеријата ешерихија коли, јавноста во Македонија не се смирува и се поставуваат низа прашања. Основното прашање е како веднаш не е откриено дека не станува збор за т.н бебешка жолтица, односно физиолошка жолтица која се јавува од 48 до 72 часа по раѓањето, туку напротив станува збор за инфекција предизвикана од една од најопасните грам негативни бактерии. Проф. д-р Аспазија Софијанова, шефица на одделението за неонаталогија на Клиниката за детски болести во разговор за Фактор вели дека ова го појасни со трите принципи на секој лекар, односно во случајов педијатар: ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ, ЧУВСТВУВАЈ.

-Има неколку работи на кои треба да се обрне посебно внимание. Ако станува збор за болест кај новороденче од само неколку дена, а не само за жолтица, бебето има, ние го нарекуваме „жално плачење“. Покажува дека нешто го боли и затоа треба да се реагира веднаш и да се направат низа детални иследувања. Доколку станува збор за физиолошка жолтица, која се јавува кај речиси сите бебиња по симптомите се јавуваат 2-5 дена по. Нивото на билирубинот се зголемува, но не ја надминува границата. Бебето е поспано, нема изразена желба за цицање, но секако тоа брзо поминува. Доколку станува збор пак, за ваква сериозна состојба, која заврши фатално, бебето не само што е поспано, туку нема никаква активност. Значи целосно одбива да јаде, тешко може да се разбуди, и ако во оваа фаза не се преземат итни мерки, имаме смртен исход. Конкретно,  кај бебето од Прилеп, прокалцитонинот беше 40, а не смее да надминува 02. Тоа е параметар кој укажува на сериозен инфективен процес, кој укажува на септичен шок, појаснува професорката Софијанова.

Неонаталната сепса е најчестата причина за морталитет во неонаталниот период, а според бројни истражувања, највисока инциденца на сепса има кај новороденчињата, која се движи од 2 до 10 на 1000 новородени деца, со стапка на смртност од 11 до 19 % во високоразвиените држави, па дури и стапка на смртност до 70 %  во држави со низок и среден развој.

Сепсата настанува како резултат на бројни бактерии кои може да го инфицираат новороденчето интраутерино, за време на породувањето и по породувањето.

Неонатална сепса со ран почеток, како што беше случај со новороденчето од Прилеп,е онаа која клиничката слика се појавува во првите 72 часа од животот на предвреме родените бебиња, и во првите 7 дена од бебињата кои се родени навреме, односно во терминот.

Раната неонатална сепса се јајвува како резултат на грам позитивни бактерии и тоа кај дури 62 отсто од случаите, како и поради грам негативните бактерии, за што „најодоговорна е токму бактеријата Escherichia coli, која беше потврдена во дишните патишта на новороденчето.

Професор Софијанова проговори и за уште една многу сериозна состојба која се јавува кај новороденчињата веднаш по раѓањето, а тоа е кога билирубините се далеку над 250.

-Физиолошката жолтица кај бебињата се третира со фототерапија, односно ние велиме дека бебето треба да се „сонча“. Но доколку билирубините одат многу високо, или над 250, тогаш се работи за една многу сериозна состојба кај новороденчето, и мора да се изведе ексангвино трансфузија, што значи дека мора целосно да му се промени крвта. Во ваков случај говориме за патолошка жолтица, која се јавува кај новороденчињата кога постои некомпатибилност помеѓу Rh факторот помеѓу крвната група на мајката и бебето. Доколку мајката е Rh-негативна, постои ризик од компликации, па затоа е важно за време на бременоста да ги контролира антителата во нејзината крв, што потенцијално може да биде опасно за здравјето на бебето, вели професор Софијанова.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје