„НИЕ НЕ СМЕ НАЈБОГАТАТА ПАРТИЈА ВО НАЈСИРОМАШНАТА ДРЖАВА“: Левица се огласи со појаснување - имотот е купен од банка

Објавено во: Македонија 08 Април, 2025 09:47
По бројните препукувања во јавноста поврзани со имотот на Левица, за чие купување објави премиерот Христијан Мицковски, и за што од неговата партија ја обвинуваат опозицијата за лицемерие, денес реагираат и од Левица.
- Својата криминогеност ВМРО-ДПМНЕ не може да ја преслика на Левица - партиските простории се транспарентно и легално купени со хипотекарен кредит.
Идејата за купување на простории дојде од деветгодишното постоење на Левица и сметаме дека е време да ги обезбедиме нашите први простории како политичка партија. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, обидувајќи се криминалот кој тие го имаат создадено преку својата „бела палата” која чини 60 милиони евра и за која плаќаат над 10.000 евра сметки за струја месечно, знаејќи дека целата јавност има веќе оформено став за нивниот криминоген имот - пробаа таа флека да ја пресликаат на други партии, но неуспешно - се наведува во соопштението од Левица испратено до медиумите.
Додаваат дека премиерот мавташе со документите за овие простории како да се тајни, а всушност сите тие се достапни во катастарот за недвижности. Укажуваат дека просториите подолго време стоеле празни и секој заинтересиран можел да ги разгледа и набави бидејќи биле изложени со натпис.
- Ова е дел од една поширока „стратегија” на ВМРО-ДПМНЕ која ја гледаме во последните денови, во која напаѓаат синдикалци и сѐ она што се однесува на нив, пробувајќи да ги поистоветат сите други општествени чинители со нивната криминогеност за да пробаат да ја „израмнат работата” и да бидат повторно некако над сите.
Претставуваат како Левица да зела цела зграда, кули, хотели, а всушност земавме подрумски простории кои беа руинирани. И се работи за хипотекарен кредит кој е земен, не од банката која го нудеше овој имот, туку од друга банка - се обезбедија средства да се купат просториите и тие да се реновираат. Ние не сме најбогатата партија во најсиромашната држава и ние нашите простории ги обезбедуваме на легален и многу транспарентен начин - укажуваат од Левица.
Потоа додаваат дека во целата приказна со просториите, нема никакво посредство со извршител.
- Не се наоѓаме во морална стапица, сметаме дека идеолошки, прагматично и во пракса дека приватните извршители се погрешна работа и повторно ќе поднесуваме закони во врска со нив - потенцираат од партијата.
Можеби ќе ве интересира
И СОПСТВЕНИК, И ПЕНЗИОНЕР, И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР - кој газда добива награда од 2.400 евра, но затоа направи модерни и признати бањи
ОВОШКИТЕ ИЗМРЗНАА: Како сега ќе се снаоѓаат луѓето од Росоман и Ресен за егзистенција?

ЛА НИЊА ЛЕТО ПРЕД НАС: Ни следуваат суперќелиски бури и поплави

ДАЛИ ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ДОВЧЕРАШНИОТ КОЛЕГА ЉУТКОВ? „Ја умревте културата, за пуста функција и преку трупови ќе газите“

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Невреме од ниво 3 и се заканува на Македонија, еве за кои делови од земјава е предупредувањето

„КАКОВ ДЕН ЗА КУМАНОВО, КОЦЕ ОД СКОПЈЕ ЌЕ НИ ГО ПРАВИ 'БРАНСКО ЏАДЕ'“: Костовски до Димитриевски и власта - „Коалицијо асфалтно-бекатонска ДОСТА ВИ Е!!!“

ЈАКИМОВСКИ ТВРДИ: Се вршеле притисоци врз неговото семејство и соработници за да се изнуди изјава против него

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор за бесправна изградба на објекти

ПАЛЕВСКИ: Криминален ум би ја убил Зорица, а не Вања Ѓорчевска
