18 Мај, 2024
0.0284

САМО СО ДОЗВОЛА: Работа за ниско-квалификувани работници од ЕУ во Британија

Објавено во: Свет 25 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Ниско квалификуваните мигранти од ЕУ ќе треба да аплицираат за дозволи за работа во Британија, откако таа ќе ја напушти Унијата. Тоа го предвидуваат планови дискутирани во моментов од британските министри, пишува весникот Daily Telegraph, цитиран од агенциите.

Сер Дејвид Меткаф, шеф на британската советодавна комисија за прашањата на миграцијата, изјави за весникот дека бројот на мигрантите и поминатото време од нив во Велика Британија ќе може да бидат контролиран, ако се воведе дозвола за работа. Тој посочи дека планот ќе биде „прилично јасен“ и може да се заснова на претходниот систем за дозволи за сезонска работа во земјоделскиот сектор.

Сер Дејвид Меткаф изјавил за Daily Telegraph дека дозволите за работа можат да се користат за да се намали бројот на мигрантите од ЕУ кои работат во трговијата на мало, градежништвото и прехранбено-преработувачката индустрија.

Британскиот премиер Тереза ​​Меј вети дека ограничувањето на нето миграцијата ќе биде „апсолутен приоритет“при преговорите за Брегзит покрај предупредувањата од ЕУ дека Велика Британија ќе биде принудена да го напушти единствениот пазар.

Денес излегоа првите официјални податоци за нето миграцијата по референдумот за членството во ЕУ. Извештајот изненадувачки покажа дека бројот на имигрантите кои престојуваат подолго време во земјата, е намален до 327 илјади лица за годината до крајот на март, кое со 9000 лица помалку во однос на истиот период од 2015 година.

Вкупната имиграција исто е намалена за 11 илјади лица до вкупно 633 илјади - што сепак е едно од највисоките нивоа, а емиграцијата е намалена за 2.000 до 306 илјади лица пренесе Financial Times, цитирајќи податоци на Националната статистичка служба.

Нето миграцијата на граѓани од ЕУ во Велика Британија е намалена за 4.000 луѓе до 180 илјади лица за периодот.

Бројот на имигрантите во март сепак е многу повисок од целта на Владата за ограничување на нето миграцијата до „десетици илјади“ од „стотици илјади“, постигнување на која министри отворено се сомневаат.

Вчера Советодавната комисија за прашањата на миграцијата излезе со нов извештај во кој се наведува дека ниско квалификуваните мигранти ги подложиле „на дополнителен притисок станбените, образовните, здравствените и транспортните услуги“. Во извештајот на Советодавната комисија за прашањата на миграцијата се истакнува дека мигрантите веќе сочинуваат 2 милиони од 13-те милиони нискоквалификувани работници во Велика Британија - односно секој седми.

Во документот се вели: „Главните придобивки се за работодавците кои не можат да најдат доволно британски работници. Мигрантите заработуваат од тоа што добиваат повисоки плати во споредба со оние во својата родна земја. Цената за тоа што често пати доаѓа за сметка на одредени населени места или сектори, вклучува нагла измена на структурата на населението во одредени области, како е можно тоа да се одрази на интеграцијата; дополнителен притисок врз станбените, образовните и транспортните услуги; сериозна експлоатација на некои мигранти поради недоволно спроведување на минималните стандарди за работа“.

Во врска со миграцијата Лорд Ендрју Грин, претседател на аналитичкиот центар Migration Watch, рече: „Исклучително важно е преговорите за Брегзит да доведат до намалување на миграцијата од ЕУ. Тоа значи ограничување на ниско квалификуваните работници, чиј ефект врз економијата во најдобар случај е неутрален и кои ги ставаат под сериозен притисок јавните услуги. Една од идеите кои вреди да се дискутира, се дозволите за работа“.

Во мај, непосредно пред референдумот за ЕУ, официјалните статистички податоци покажаа дека нето миграцијата за 2015 година била 330 илјади, вториот највисок удел, забележан некогаш. Зголемувањето на миграцијата се должи на бранот Романци и Бугари дојдени во Британија откако ограничувањата за нив беа отстранети во јануари 2014 година . Сега тие се речиси една четвртина од сите мигранти од ЕУ.

Министерот за внатрешни работи Амбер Руд и министерот за надворешни работи, Борис Џонсон веќе изјавија дека Владата веќе нема да си става експлицитни цели за намалување на нето миграцијата. Премиерот Тереза ​​Меј сепак подоцна рече дека е посветена на сведувањето на нето миграцијата до десетици илјади луѓе.

Извор од „Downing Street“ пак рече: „Намалувањето на бројот на мигрантите од ЕУ ќе биде апсолутен приоритет при преговорите за договорот за Брегзит. Ќе се работи и за намалување на нето миграцијата на граѓани од земји надвор од ЕУ“.

Можеби ќе ве интересира

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск