27 Април, 2024
0.0315

Само три обвиненија за перење пари

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Вкупно само три обвиненија по поднесени кривични пријави за перење пари имало во целата 2017-та година во Македонија во публикацијата што ја објави Заводот за статистика.

Кај кривините дела во платниот промет, финансиите и стопанството во 2017-та поднесени се  109 пријави за даночно затајување, од кои 70 завршиле со обвинение. Кај 65-мина имало пријави за фалсификување пари, но само 18 се обвинети, додека 42 се непознати сторители. За издавање чек без покритие кривично се пријавени 27, но седум се обвинети а 18 се непознати сторители. За недозволена трговија има осум обвиненија, од кои пет завршуваат со обвинение. За царинска измама има шест пријави, а за царинска измама се 14. Кај повреда на права од индустриска сопственост на 28 им е поднесена кривична, а обвинети се 12-мина. 

Бил доделен само еден притвор за ова кривично подрачје што го опфаќа целокупниот економски криминал во текот на целата година и истиот бил подолг од три месеци. За виновни од судот биле прогласени 177, што е убедливо најмалку во последните десет години, а од кои најмногу за затајување данок (39-мина). Но кај затајувачите на данок има и најмногу што се ослободени од обвинение (18-мина). На казна затвор осудени биле само 20 души, од кои само тројца за перење пари, Повеќето, 91 од обвинетите, поминале со парична санкција како главна казна. Со условна казна поминале вкупно 60-мина. Кај оние што биле осудени на казна затвор доминира пресудата од една до две години (кај деветмина), додека кај паричните казни доминира санкцијата на одземање од само 10 до 30 илјади денари (кај 41 од нив). Само кај двајца во текот на целата ланска година имало конфискација на имот, додека кај 24-ица одземање на предмети. Од 177-те прогласени за виновни, 28 биле државни службеници и директори.

Кај целокупниот економски криминал во 2017, јавното обвинителство поднело само една пријава во текот на целата 2017-та по свое непосредно сознание. Инспекцијата поднела само три, оштетени деловни субјекти само шест, оштетени граѓани поднеле осум. Убедливо најмногу кривични пријави биле поднесени од МВР со број од 317, додека 29 се од други органи на управата.

Од последните десет години, во 2017-та има втор најмал број на пријавени лица за кривично дело во економскиот криминал и тој изнесува 376. Во 2014-та имало само 310. Рекорд е забележан во 2010 кога имало 620 поднесени кривични пријави за дела во прометот, финансиите и стопанството.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра