Само за патувања во странство директорот на АВМУ потрошил безмалку 200 илјади денари
Објавено во: Економија 04 Јануари, 2019
Нешто повеќе од 192 илјади денари потрошил за патувања во странство директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Ова станува јасно од денешниот отчет на а директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски за периодот од 1 јули до 31 декември 2018 година.
Од АВМУ соопштуваат дека при вршење на својата функција, во втората половина на минатата година има направено трошоци во вкупен износ од 294.742,00 денари.
За авионските билети Трајчевски потрошил 102.857 денари додека 89.573 денари дал за хотелско сместување.
За трошоците за репрезентација во Република Македонија АВМУ издвоила 83.040,00 денари од кои угостителски услуги со претставници на регионални регулаторни тела за медиуми – 40.100,00 денари и угостителски услуги со дипломатски и претставници на државни институции – 42.940,00 денари.
За службениот мобилен телефон првиот човек на АВМУ Трајчевски потрошил безмалку 20 илјади денари.