14 Мај, 2024
0.0249

Samsung воведува функција 3D Map View базирана на платформата SmartThings и вештачката интелигенција

Објавено во: Мои пари 21 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Наменета е за телевизори и апарати за домаќинство за да го олесни управувањето со паметниот дом и го проширува услужниот простор ширум светот зајакнувајќи ги искуствата со платформата SmartThings

Samsung Electronics денес ја претстави функцијата 3D Map View, која првпат беше претставена на саемот CES 2024, а сега е достапна во сите земји со пристап до апликацијата SmartThings.

Функцијата 3D Map View го поедноставува управувањето со домот претворајќи ги реалните нацрти на домот во виртуелни слики во апликацијата SmartThings. Корисниците можат јасно да ги видат своите уреди и лесно да го приспособат осветлувањето, температурата, квалитетот на воздухот и потрошувачката на енергија во секое време, каде и да се наоѓаат.

Оваа функција е дизајнирана да управува со зголемениот број на поврзани уреди во секој дом ширум светот, а тоа го олеснува управувањето со вашиот паметен дом со елиминирање на потребата да го лоцирате секој уред поединечно пред да започнете да го користите. На прв поглед им го прикажува целиот дом на корисниците и се ажурира во реално време додека се поврзани повеќе уреди.

Претходната верзија на функцијата 3D Map View беше 2D модел, кој функционираше само за домови за кои реалниот нацрт беше веќе обезбеден. Сепак, ажурираната функција ја користи просторната вештачка интелигенција во уредите на Samsung, како што е Bespoke Jet Bot™ и ги користи сензорите LiDAR[1] во уредот за прецизно мерење и мапирање на распоредот на домот. Сега корисниците можат полесно да ја разберат формата и просторните услови на нивните домови на 3D мапи.  

Оваа функција ја подобри и функцијата за филтрирање, што овозможува поефикасно следење и контрола на потребните уреди. До крајот на годината, Map View со помош на слики од вештачка интелигенција, кој исто така беше претставен на CES 2024, има за цел да понуди поперсонализирани и попогодни паметни услуги.

Достапност

Функцијата 3D Map View е достапна во апликацијата SmartThings на мобилните уреди[2] со Android и iOS, како и на и телевизорите на Samsung[3]. Во првата половина од годината, контролните функции ќе бидат достапни и преку дополнителни уреди, како што се фрижидерите Family Hub™[4].

Функцијата 3D Map View првично беше претставена во Јужна Кореја и САД минатата година. Сега може да се користи во сите земји со пристап до апликацијата SmartThings.

„Samsung постојано се труди да им овозможи на корисниците да ги контролираат своите домашни уреди без непријатности, во секое време, каде и да се наоѓаат, а Map View е резултат на овие напори“, рече Сеунгбеом Чои (Seungbeom Choi), раководител на Одделот за платформи за уреди во Samsung Electronics. „Ќе продолжиме да воведуваме различни релевантни услуги и функции за нашите клиенти да можат да уживаат во оптимални паметни домашни искуства со подобар начин на живот.“

Samsung моментално работи со градежни компании за да ја прошири функцијата Map View на станови и канцеларии. Со додавање функционалност, компанијата има за цел да помогне во создавањето паметни средини за клиентите ширум светот. Тоа вклучува оптимизирано корисничко искуство (UX) за големи екрани што им помага на B2B операторите и функција за Брза контрола (Quick Control) која им овозможува на корисниците лесен пристап до клучните функции.

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, лиените и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.


[1]Сензорите за откривање и домет на светлина (LiDAR) користат ласерска светлина за откривање предмети во 3D за прецизно претставување на околината.

[2]Android OS 9.0 ↑ со минимум 6GB RAM / iOS 15↑ со минимум 6GB RAM и резолуција 792x828.

[3]Samsung Smart TV лансиран по 2024(DU 7000↑)

[4]Family Hub™ фрижидери; Одредени модели лансирани по 2021 година/ Подетални потребни спецификации ќе бидат објавени во моментот на пријава.

Пр објава

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН