Санирани дефекти во водоводната мрежа
Објавено во: Мои пари 25 Јули, 2018
Дефектот на ул.Димитар Македонски 20б е саниран, водоснабдувањето е нормализирано на 25.07.2018г. во 15:25 часот, информираат од ЈП„Водовод и канализација“.
Дефектот на ул.Васил Ѓоргов бб кај старата дирекција на Жито Лукс е саниран, водоснабдувањето е нормализирано на 25.07.2018г. во 15 часот.
На ден 25.07.2018.поради уличен дефект од Ф-100мм на ул.Петар Манџуков 143б во населба Бутел 1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел ул.Петар Манџуков од 15:30 часот до санирање на дефектот.