14 Декември, 2025
0.0482

Сања Лукаревска повеќе не е директорка на УЈП, ниту Мартин Костовски на Службен весник

Објавено во: Економија 11 Август, 2020 06:59

Добивај вести на Viber

Сања Лукаревска повеќе не е директорка на Управата за јавни приходи, додека Мартин Костовски повеќе не е прв човек на Службен весник. Тоа значи дека овие институции ќе добијат нови директори по одржаните предвремени парламентарни избори.

Лукаревска и Костовски станаа пратеници во македонското Собрание преку Изборната единица 2 како кандидати на СДСМ и коалицијата „Можеме“, која освои најголем број на мандати по изборите на 15 јули и во моментов најавува дека е блиску до повторно составување на владеачко мнозинство за нова Влада.

Вршител на должност директор на УЈП сега е Фарук Омери, а Лукаревска тврди дека времето ќе покаже дали ќе биде пратеник во Собранието или ќе стане владин функционер и ќе предводи одреден ресор доколку СДСМ повторно состави Влада.

- Во моментов повеќе не сум избран функционер од Владата затоа што сум пратеник во Собранието, а во иднина мојата партија и идниот премиер ќе одредат која функција ќе ја извршувам, изјави Лукаревска за „Фактор“ откако три години беше на чело на УЈП и беше дел од неколку проекти од фискалната политика.

На местото на Костовски во Службен весник како вршител на должност е назначена Татијана Лалчевска, која исто така беше кандидат за пратеник од листата на СДСМ во Изборната единица 6 но не успеа да влезе меѓу 120-те народни избраници.

- Јас бев избрано лице од Владата како директор, но сега сум пратеник и тоа планирам и да останам, односно да ги застапувам гласачите кои ми ја дадоа довербата на изборите, ни изјави Костовски.

Од редовите на СДСМ и коалицијата „Можеме“ има и други избрани функционери кои сега станаа пратеници, па така Дарко Каевски е директор на Агенцијата за млади и спорт, Фаница Николоска е одговорно лице на Државниот управен инспекторат, a Боби Мојсоски е управител на затворот „Идризово“.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје