04 Мај, 2024
0.0260

Сарачини ја повика дијаспората да инвестира во земјава

Објавено во: Економија 16 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Ваљон Сарачини од Тетово ја повика дијаспората повеќе да инвестира во Македонија. Цел ни е и приватните трансфери од странство во државава да се конвертираат во конкретни инвестиции со што ќе се отворат повеќе работни места, истакна Сарачини на конференцијата Дијаспора Инвест.

Тој ги презентираше предностите за инвестирање во Македонија - договори за слободна трговија со сите земји во Европа, отвореност кон пазар од 650 милиони жители, најдобар даночен пакет, како и серија мерки за подобрување на инвестициската клима.

Според официјалните статистички податоци во 2012 година приватните трансфери од странство во државава изнесувале околу 1,6 милијарди евра или 20 отсто од бруто домашниот производ, што ги прави исклучително важни за македонската економија.

„Овие приватни трансфери се за 8 до 10 отсто поголеми од директните странски инвестиции и целта е тие да се конверираат во конкретни инвестиции со што ќе се отворат повеќе работни места што пак ќе донесе и поголем економски развој. Министерството за економија со Агенцијата за странски иневстиции, општините и стопанските комори ќе продолжат да работат во оваа насока и очекувам во следниот период и официјализирање на вакви инвестиции од дијаспората во тетовскиот регион“, рече Сарачини.

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи најави дека има идеја во општината да отвори канцеларија за врски со дијаспората.

„Во регионот има многу успешни приказни и ние сакаме да го дадеме својот придонес за враќање на инвеститорите што потекнуваат оттука“, рече Арифи.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?