04 Мај, 2024
0.0257

Сателитско истражување откри 237 дефекти: Колку вода непотребно губи Скопје од мрежата?

Објавено во: Економија 28 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Според последните истражувања и анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ загубата на вода во Град Скопје изнесува околу 50 отсто. За да се спречи или намали загубата на вода ангажирана е израелската компанијата „Јутилис“ (Utilis) за сателитско снимање и мапирање на сите дефекти во главниот град. Досега се откриени 237 дефекти невидливи за голо око кои во наредниот период ќе бидат санирани од службите на ЈП „Водовод и канализација“.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски. Тој соопшти дека дел од оваа загуба е реална и се однесува на наводнување на зелените површини, чистењето на улиците, јавните хидранти и чешмите кои се поставени.

– Оној дел кој нас не загрижува е проблемот во цевководниот систем, односно проблеми кои не се видливо за голо око, а кои реално претставвуваат техничка загуба на вода. За таа цел пред еден месец ние склучивме договор со израелската компанијата „Јутилис“ (Utilis) која е специјализирана за сателитско снимање и мапирање на сите дефекти во Град Скопје. Првата фаза од работите е завршена и веќе досега се најдени 237 дефекти невидливи за голо око кои во наредниот период ќе бидат санирани од службите на ЈП „Водовод и канализација“, рече Весковски.

Со тоа, како што рече, не само што ги намалуваме оперативните трошоци на јавното претпријатие, туку и го подобруваме водоснабдувањето на жителите на Град Скопје. Додаде дека планираат во наредните години загубата на вода од 50 да се сведе на 20-25 отсто.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов посочи дека нашиот град е единствен во регионот и меѓу ретките во Европа каде е извршено сателитско снимање на водоводниот систем.

Посочи дека снимањата траеле две недели и предноста на овој систем, како што рече, е што ќе може на време да се детектираат и веќе се детектирани истекувањата на вода со помпш на сателитет. Ќе следи фаза на целосно мапирање и потоа теренски интервенции на системот со што се скратува времето за интервенции и се спречуваат евентуалнио посериозни дефекти на водоводниот систем.

Шилегов најави дека со решението на „Паметен град“ (Smart City Skopje), кое се очекува наредниот период да влезе во тендерска постапка, предвидено e да се инсталираат т.н. паметни водомери во сите средни училишта, во музеите, во сите јавни претпријатија… На овој начин ќе се овозможи почеток на дигитализација на водоводниот систем во градот.

Основачот и главен технички директор на „Јутилис“ (Utilis) Лорен Гај соопшти дека компанијата е основана пред пет години со единствена цел – пронаоѓање на загубата на вода во водоводните системи без воопшто да се стапне на земјата каде се врши истражувањето. Досега вршеле истражување во 27 држави и провериле повеќе од 200.000 километри водоводни цевки и нашле загуба на вода. Користат сателитска технологија која  има можност да гледа низ почвата и специфично да ја изолира водата која била третирана во однос на другите видови вода.

Ваков тип на сателитско снимање за загуби на вода првпат се спроведува во Република Македонија. Снимањето е поделено во две фази, првата фаза чини 2,5 милини денари, а втората 3,5 милиони денари. Втората фаза треба да заврши за околу еден ипол месец.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?