13 Март, 2025
0.0410

САУДИЈЦИТЕ ДО МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА: Да се спротивстави на оние кои стојат зад нападот на нафтените постројки

Објавено во: Свет 17 Септември, 2019 18:43

Добивај вести на Viber

Mеѓународната заедница да го осуди нападот, бара Саудиска Арабија. 

Саудиска Арабија денеска ја повика меѓународната заедница „да преземе одговорност во осуда на сторителите“ и „јасно да се спротистави“ на оние што стојат зад нападот врз нејзините нафтени постројки во текот на викендот.

Кралот Салман нагласил дека Саудиска Арабија е во состојба да се одбрани од таквите „кукавички напади“.

Саудиската влада информираше дека нападите врз нафтеното поле „Арамко“ и голема рафинерија на сурова нафта се закана за меѓународната безбедност и глобалното снабдување со енергенси.

Тврдат дека иранско оружје е користено во нападот.

Нападот на саудиската рафинерија со дронови и крстосувачки ракети испрати силна порака, а тоа е дека дури и евтини оружја какви што користат Иран и Хутите, неговите сојузници во Јемен, можат многу лесно да победат милијарди долари вредна воздушна одбрана. Нападот беше ефикасно изведен затоа што директно го погоди главниот капацитет поради што се намали за пет отсто светското производство на нафта.

Поранешниот службеник во ЦИА, Боб Баер, одамна предупредуваше за ранливоста на рафинеријата во Абкаик. Во регионот стана јасно дека милијардите долари што Саудиска Арабија ги потроши на воздушна одбрана паднаа во вода пред евтината технологија.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска изјавила дека нападите во Саудиска Арабија не ги гледа како причина за завршување на германската забрана за извоз на оружје во таа земја. 

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ГО ПОСЕТИ КУРСК: Заробените украински војници ќе бидат третирани како терористи

ПУТИН ГО ПОСЕТИ КУРСК: Заробените украински војници ќе бидат третирани како терористи

TРАМП ГО СМЕНИ СТАВОТ: Никој нема да ги протера Палестинците од Газа

TРАМП ГО СМЕНИ СТАВОТ: Никој нема да ги протера Палестинците од Газа

САМО СЕДУМ ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ ИМААТ ЧИСТ ВОЗДУХ: Македонија ја нема таа привилегија

САМО СЕДУМ ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ ИМААТ ЧИСТ ВОЗДУХ: Македонија ја нема таа привилегија

УКРАИНА ДЕМАНТИРА: Не е точно дека Суџа е во руски раце, се водат борби

УКРАИНА ДЕМАНТИРА: Не е точно дека Суџа е во руски раце, се водат борби

ЛАВРОВ ГО КРИТИКУВАШЕ МАКРОН: Зошто Фон дер Лајен ја нарече „фирер“?

ЛАВРОВ ГО КРИТИКУВАШЕ МАКРОН: Зошто Фон дер Лајен ја нарече „фирер“?

ОРУЖЈЕТО СТИГА ПРЕКУ ПОЛСКА: САД продолжија со испораката за Украина

ОРУЖЈЕТО СТИГА ПРЕКУ ПОЛСКА: САД продолжија со испораката за Украина

СЕ ЈАВИ ЗЕЛЕНСКИ: Дали ќе ги признаат окупираните територии како руски?

СЕ ЈАВИ ЗЕЛЕНСКИ: Дали ќе ги признаат окупираните територии како руски?

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ: Русите ја вратија контролата врз важен град

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ: Русите ја вратија контролата врз важен град

Вработените во УСАИД добија нови инструкции - наредено им е да уништат и изгорат доверливи документи

Вработените во УСАИД добија нови инструкции - наредено им е да уништат и изгорат доверливи документи