17 Декември, 2025
0.0386

ПУТИН ГО ПОСЕТИ КУРСК: Заробените украински војници ќе бидат третирани како терористи

Објавено во: Свет 12 Март, 2025 21:09

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин го посети регионот Курск. Шефот на генералштабот на руската војска Валери Герасимов притоа изјави дека руските сили успеале да ја повратат контролата врз сите 1.100 квадратни километри, што Украина ги имаше заземено во август лани. 

Герасимов изјави дека руските трупи заробиле околу 430 украински војници во Курск. Путин додаде дека заробените украински војници ќе бидат третирани како терористи.

„Тие би можеле да се соочат со судење во руските судови и да поминат децении зад решетки“, рече Путин.

Состојбата се менува од час во час.

Украина претходно демантираше дека Суџа е во руски раце и соопштија дека се водат жестоки борби. 

Шефот на украинската војска Олександр Сирски вечерва навести дека дел од украинските трупи се повлекле од Курск.

Поранешен советник на Путин, Сергеј Марков вели дека рускиот лидер се плаши дека примирјето ќе придонесе Украина да се вооружи. 

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави