СДСМ: Ако има одлука за самоизолација ќе почитуваме
Објавено во: Македонија 31 Мај, 2020 16:10
Од самиот почеток на глобалната пандемија во седиштето на СДСМ се преземаат сите мерки и протоколи пропишани од здравствените и надлежните институции за заштита на здравјето на секој поединец, велат од партијата откако денеска потпретседателот Мухамед Зекири објави дека е позитивен на Ковид-19.
„Во седиштето на СДСМ обезбеден е протокол и услови за лична дезинфекција, поставени се соодветни средства за оваа намена секаде, се прави редовна дезинфекција на сите простории, се почитува физичката дистанца како и насоките за носење заштитна опрема како маска или марама. Состаноците се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средства за претходна лична дезинфекција. Доколку постои одлука или задолжение од некоја надлежна институција за самоизолација, или пак други мерки кои здравствените власти оценат дека треба да се преземат, СДСМ ќе ја информира јавноста, велат од партијата.
Зекири соопшти дека немал симптоми, но дека тестот е позитивен и кај него и кај неговата сопруга и кај неговата ќерка.
Можеби ќе ве интересира
Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента
Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК




