13 Мај, 2024
0.0324

СДСМ денес ќе бара „СТОП“ за контроверзното панорамско тркало

Објавено во: Економија 20 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Уште како претходната власт најави дека ќе гради панорамско тркало на граѓаните им се сврте во глава од сумата.

Се држеа прес конференции, се потпишуваа петиции со цел да се запре изградбата наконтроверзниот проект од „Скопје 2014'.

Советничка група на СДСМ според најавите денеска на седница на град Скопје ќе бара да се запре изградбата на тркалото кое го опасно го намалува протокот на вода во Вадар.

Во февруари лани преку онлајн платформата за креирање петиции над 7000 граѓани веќе ги дадоа своите гласови против изградбата на неразумниот градежен проект Панорамско тркало во реката Вардар кој ќе чини околу 20 милиони евра. 

Како подносител на петицијата до Град Скопје тогаш се потпиша Горазд Смилевски и во име на 7.882 потписници на оваа петиција спроведена електронски во периодот од 23.12.2016 до 03.01.2017 година ја достави до град Скопје и во  името на сите загрижени граѓани побара изградбата на овој финансиски бесмислен и за градот и за жителите опасен проект да запре.

Критики за проектот стигнаа од бројни архитекти и експерти кои сметаат дека локацијата воопшто не е погодена за ваква масовна градба која може да го поремети текот на реката Вардар, а исто така има критики и за огромните финансии кои ќе бидат вложени во период кога државата е многу задолжена, а за клучни инфраструктурни проекти во Скопје како на пример подземната сообраќајница сеуште нема средства. 

Ова тркало според договорот го гради фирмата „Бетон“ од Скопје и за истото владата која тогаш беше под палка на ВМРО ДПМНЕ реши да даде 18,3 милионин евра.

СДСМ наместо за тркало, парите ќе ги пренамени за намалување на загадувањето

Актуелната владеачка гарнитура која тогаш беше опозиција, најави дека ќе ги пренамени парите за  намалување на загадувањето на воздухот. 

Од партијата на премиерот Зоран Заев сметаат дека е неодговорно да се полнат клиниките со болни деца и граѓани, а на градоначалничкиот состанок да не се донесе ниту една ефективна мерка против загадувањето кое ги гуши Скопјани.

Можеби ќе ве интересира

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта