СДСМ: Функционери од културата кои кријат имот ќе одговараат
Објавено во: Македонија 03 Април, 2017 16:13
СДСМ повторно го покрена прашањето за одговорноста на функционерите во државните културни установи кои немаат поднесено анкетни листови за нивната имотна состојба што е против законот, но реакции од институциите сеуште нема.
- Никогаш повеќе да не се повтори директори и функционери, како тие поставени од ВМРО-ДПМНЕ во повеќе државни и национални установи, да не доставуваат анкетни листови за нивната имотна состојба.
Станува збор за повеќе лица назначени од ВМРО-ДПМНЕ во културата, кои се појавуваат и како водачи и организатори на протестите во коишто се злоупотребуваат граѓани за партиски цели на Никола Груевски.
Требаше СДСМ да ги обелодени случаите на прес конференција за овие лица да бидат приморани да достават анкетни листови, што според законот, биле должни да го направат најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот или именувањето.
Овие податоци треба да бидат јавно достапни на веб страницата на Антикорупциската комисија.
Иако директорите блиски до режимот тоа не го сториле со месеци, дури и по неколку години од изборот и именувањето, нема известување од Антикорупциската комисија дека е поведена каква било постапка за одговорност поради законски прекршувања.
Да се работеше за кој било друг граѓанин, до сега ќе му беа изречени казни во илјади евра или барања за понесување друг вид одговорност. Ваквото селективно работење на Атикорупциската комисија е уште еден доказ за партиската окупираност на институциите против што гласаа мнозинството граѓани на изборите, кога избраа промени. стои во соопштението на СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор




