СДСМ: Ги лажат граѓаните за да продолжат со криминалните нафтени платформи
Објавено во: Македонија 04 Април, 2017 19:15
СДСМ уште еднаш посочи дека не постојат никакви платформи кои се закана за Македонија, туку единствено продолжува штетата која ВМРО-ДПМНЕ ја нанесува со лажењето и поддршката на криминалот.
- ВМРО-ДПМНЕ ги лаже граѓаните со наводни федерализации и поделби, само за да продолжи со криминалите како што е нафтената платформа во бизнисите што ги прават Мијалков и Груевски на штета на граѓаните. Постои единствено програма на новата реформска Влада на Македонија. Токму во таа програма е содржано се она што ВМРО-ДПМНЕ го посочува, а не го реализираше 10 години досега.
Демократските процеси мора да се одблокираат и да се движат согласно Уставот, законите и волјата на мнозинството. Прв чекор кон тоа е избор на претседател на Собранието, а потоа и избор на нова реформска влада која ќе работи во интерес на сите граѓани.
Волјата на мнозинството кое гласаше за промени и нова Влада, ќе се испочитува. Собранието ќе добие претседател, а Македонија ќе добие нова реформска Влада на унитарна Македонија која ќе обезбеди владеење на правото и квалитетен живот во едно општетство за сите граѓани, стои во соопштението на СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




