26 Април, 2024
0.0405

СДСМ и БЕСА ја потпишаа коалицијата, Заев рече дека е доволно за Влада, а на ДУИ му порача дека нема да дозволи уценувања

Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

СДСМ и Движењето БЕСА денеска попладне во Музејот на современа уметност го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на предвремените парламентарни избори а беше упатена и заедничка декларација со која се порача дека за прв пат во историјата се создава ваква меѓупартиска коалиција која ќе ги сруши сите етнички бариери во Македонија. Тоа според претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ќе биде доволно за обезбедување на мнозинство пратенички гласови за формирање Влада по 12 април.

- Нашето општество се менува на подобро. Времето на поделби заминува во историјата. Денес моноетничкиот концепт е поразен. Во НАТО и ЕУ не се влегува со декларативни заложби, туку со дела и визија. СДСМ привлече во 2016 десетици илјади албански гласови. Мултиетничкиот карактер на Северна Македонија го пресликуваме во предизборна заедничка програма. Јавно ќе им оддадам признание на Касами и БЕСА дека имаат храброст и поседуваат граѓански принципи. Нема веќе употреба на гласови за постизборни калкулации. Ова е победничка коалција, најразнолика и најмоќната до сега. Оваа коалиција уште на 12 април ќе освои сигурно мнозинство за фомирање Влада. Тоа го знаат и нашите политички противници, порача Заев.

На другите алванбски партии, алудирајќи на досегашниот колаиционен партнер ДУИ, им порача дека ДСДСМ нема да дозволи да бидем уценуван со пазарења. На ВМРО-ДПМНЕ му порача да се рефирмира внатрепартиски. Заев од говорницата додаде дека во идни9на оваа ко0алиција ќе работи целосно на дисциплината.

Официјализирањето на предизборната коалиција доаѓа откако лидерите на двете партии, Зоран Заев и Биљаљ Касами ги усогласика ставовите околу програмата и носителите на изборните листи. 

„Ние се залагаме на надминување на сите етнички бариери кон европската иднина на земјата со акцент на борбата против кримниналот и корупцијата и борбата против судството инсталирано од режим. Се што е управувано од 2020 до 2024 ќе биде изградено од јавен интерес. Изборна програма ќе биде инклузивна која треба да биде одобрена од двете страни и ќе биде обврзувачка за двете страни“, се вели во дел од заедничката декларација.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите