21 Април, 2025
0.0353

СДСМ ја повика власта да не ги гони револтираните од Кочани

Објавено во: Македонија 08 Април, 2025 13:23

Добивај вести на Viber

СДСМ ја повика власта да не ги гони младите кои револтирано излегоа на протест во Кочани еден ден по смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“, туку како што соопштија, да ги гони вистинските виновници за трагедијата.
„Наместо неселeктивна правда за Кочани- МВР гони млади за Фејсбук статуси. Изминува четвртата недела од страшната несреќа во Кочани во која згасна 61 живот а 200 луѓе беа повредени.

Истрагата за најголемата несреќа во поновата македонска историја сè уште не дава одговори на клучните прашања: Кој е одговорен за пожарот во „Пулс“ и за сериозните пропусти на безбедносните институции?

Сè уште нема проширување на истрагата за безбедносните пропусти направени на кобната ноќ – ниту пак на оние што ѝ претходеле. Ниту еден функционер од МВР, ОВР Кочани, СВР Штип или БЈБ не е повикан на распит, ниту опфатен со постапка.

Наместо тоа, МВР поднесува кривични пријави против граѓани за објави на Фејсбук кои јавно бараат правда и неселективна истрага.

Дури и на младите кои протестираа во Кочани и го изразуваа својот револт за загубените животи на нивните другари и другарки МВР им поднела кривични пријави.

Не се повикуваат оние кои биле на функции, нема кривични пријави, ама затоа се гонат младите кои пишуваат на Фесјбук и кои бараат одговорност и неселективна правда.

Дали МВР смета дека на овој начин некој треба да биде замолчен? Слободата на говор не е закана за истрагата. Младите не се непријатели – тие се совеста на ова општество.

СДСМ бара од МВР веднаш да престане со притисоци и гонење на граѓани поради ставови и јавно изразено мислење“, реагираат од опозициската партија.


Можеби ќе ве интересира

„СЕ ГЛЕДА ДЕКА НЕ ВИ СЕ ОДИ ВО ЕУ, ОСВЕН СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ БУГАРСКИ ПАСОШИ“: Колозова за евроинтеграциите и бугарските условувања

„СЕ ГЛЕДА ДЕКА НЕ ВИ СЕ ОДИ ВО ЕУ, ОСВЕН СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ БУГАРСКИ ПАСОШИ“: Колозова за евроинтеграциите и бугарските условувања

МЕТЕОАЛАРМ: Следуваат поројни дождови, грмежи и невреме!

МЕТЕОАЛАРМ: Следуваат поројни дождови, грмежи и невреме!

„ЗА ПРАШАЊАТА ЗА ИДЕНТИТЕТОТ, ИСТОРИЈАТА И МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, ПРАВО ДА ОДЛУЧУВА ИМА САМО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД:“ Хајредини дециден

„ЗА ПРАШАЊАТА ЗА ИДЕНТИТЕТОТ, ИСТОРИЈАТА И МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, ПРАВО ДА ОДЛУЧУВА ИМА САМО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД:“ Хајредини дециден

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верниците го слават Велигден, а политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верниците го слават Велигден, а политичарите повикаа на сплотеност

НЕСРЕЌА: Воз удри во автомобил кај Зелениково

НЕСРЕЌА: Воз удри во автомобил кај Зелениково

ПОВРЕДЕНИОТ ЕФТИМОВ РАБОТИ СО ТИМОТ: Ќе има онлајн решение преку кое секој граѓанин ќе може да пријави неправилности

ПОВРЕДЕНИОТ ЕФТИМОВ РАБОТИ СО ТИМОТ: Ќе има онлајн решение преку кое секој граѓанин ќе може да пријави неправилности

НЕГОТИНЕЦ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ: Украл автомобил и го возел пијан

НЕГОТИНЕЦ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ: Украл автомобил и го возел пијан

ФИЛИПЧЕ: Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра

ФИЛИПЧЕ: Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра

ГАШИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Нашата должност е заеднички да градиме мостови на разбирање

ГАШИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Нашата должност е заеднички да градиме мостови на разбирање