12 Мај, 2025
0.1812

„Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца“ - трогателна атмосфера во Кочани

Објавено во: Македонија 19 Април, 2025 15:13

Добивај вести на Viber

Обвинители, дали нашиот молк, тишината и тагата по нашите деца, кои се убиени, ви даде право да ослободите лица кои беа во притвор, а се соучесници во убиството на нашите деца, прашаа родителите на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред почетокот на денешниот трет протестен марш „Задоцнета реакција“ што се одржа во Кочани.

Точно во 12 часот и 5 минути учесниците на маршот тргнаа од Паркот на Револуцијата кон Трговскиот центар и кон општинската зграда, а оттаму кон Полициската станица, Судот и Обвинителството во Кочани.

- Нѐ прашува ли некој нас како ги минуваме деновите, какво е чувството да знаеш дека детето никогаш повеќе нема да се врати дома, да ги видиш неговите убави очи, неговата убава насмевка, да го слушнеш како се смее, да дочекаш уште еден Велигден со него. Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца, да им раскажеме колку тие недостигаат дома - вели Јулија Златкова, чиј син настрада во пожарот.

Вели дека протестите ќе продолжат се додека не биде задоволена правдата.

- Ќе продолжиме да излегуваме и да ги потсетуваме челниците на оваа скапана држава дека сме тука и до наш последен здив ќе ја бараме правдата за сите починати и повредените на 16. март, бидејќи ги закопавме нашите деца поради нечии грешки, поради тоа што некој бил корумпиран, поради тоа што ја злоупотребил својата функција за пари, за корист за личен бенефит. Нашите деца ги нема, но правдата мора да излезе на виделина - рече Златкова.

Пред општинската зграда родителите порачаа дека будно ќе ја следат работата на надлежните инспекциски служби, а в.д. градоначалникот Венко Крстевски им даде целосна поддршка истакнувајќи дека нема да бидат осамени во барањето правда, затоа што, како што рече, сите заеднички треба да го променат системот што е нефункционален.

На собирот пред Полициската станица семејствата на настраданите прашаа зошто полициските службеници кои последни беа вклучени во истрагата на Обвинителството се пуштени дома.

Според присутните на маршот, рацијата била предвреме најавена, а полицајците кои биле присутни пред дискотеката не помогнале во спасувањето на повредените.

Тагата и револтот, родителите на загинатите во трагичниот пожар ги искажаа и пред Судот и Обвинителството, секој одделно споменувајќи го името на своето дете и плановите што ги имале за во иднина.

Протестниот марш заврши во Паркот на револуцијата, а присутните најавија дека ќе се одржува секоја сабота сѐ додека не ја добијат бараната правда за своите најблиски. 

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СЕ СРЕТНЕЛ СО МИЦКОСКИ ДА МУ ЈА ОБЈАСНИ ВИСТИНСКАТА СЛИКА: Се огласи Таравари

ЌЕ СЕ СРЕТНЕЛ СО МИЦКОСКИ ДА МУ ЈА ОБЈАСНИ ВИСТИНСКАТА СЛИКА: Се огласи Таравари

„ЦЕЛО ВРЕМЕ ИМАЛЕ ТАЕН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА“: Се огласи Меџити

„ЦЕЛО ВРЕМЕ ИМАЛЕ ТАЕН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА“: Се огласи Меџити

„ПОЛИЦИСКИ ЕКИПИ, УЈП, ДПИ И ОСТАНАТИ ИНСПЕКЦИИ ДЕНЕС ГО ТЕРОРИЗИРААТ КОЧАНИ, НА РАЗГОВОР ПОВИКАН РОДИТЕЛ НА ЖРТВА“: Костовски обвинува

„ПОЛИЦИСКИ ЕКИПИ, УЈП, ДПИ И ОСТАНАТИ ИНСПЕКЦИИ ДЕНЕС ГО ТЕРОРИЗИРААТ КОЧАНИ, НА РАЗГОВОР ПОВИКАН РОДИТЕЛ НА ЖРТВА“: Костовски обвинува

„ТРАМПАА БАЈАДЕРИ ЗА КОРНИШОНИ“: Димитриевски вели државата не смее да биде монета за поткусурување

„ТРАМПАА БАЈАДЕРИ ЗА КОРНИШОНИ“: Димитриевски вели државата не смее да биде монета за поткусурување

МУЦУНСКИ БЕШЕ ВО ЦРКВА ВО ШВЕДСКА: „Бев на утринска литургија“

МУЦУНСКИ БЕШЕ ВО ЦРКВА ВО ШВЕДСКА: „Бев на утринска литургија“

СЕ ЧЕКА ЗАВРШНО ПИЕЊЕ КАФЕ СО ТАРАВАРИ: „Се враќа во прегратките на Али Ахмети“, вели Мицкоски

СЕ ЧЕКА ЗАВРШНО ПИЕЊЕ КАФЕ СО ТАРАВАРИ: „Се враќа во прегратките на Али Ахмети“, вели Мицкоски

„ВРЕМЕВО Е ЛУДИЛО, КАКО ЗИМА ДА ЧЕКАМЕ“: Попоски предупредува на невообичаена снежна покривка на планините

„ВРЕМЕВО Е ЛУДИЛО, КАКО ЗИМА ДА ЧЕКАМЕ“: Попоски предупредува на невообичаена снежна покривка на планините

УШТЕ ЕДЕН МЕДИЦИНСКИ УСПЕХ ВО МАКЕДОНИЈА: Клековски се пофали, еве која нова интервенција ќе се изведува во земјава

УШТЕ ЕДЕН МЕДИЦИНСКИ УСПЕХ ВО МАКЕДОНИЈА: Клековски се пофали, еве која нова интервенција ќе се изведува во земјава

„СЛЕДНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА СКОПЈЕ НЕК СИ ПОТПИШАТ ИЗЈАВИ ЗА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ“: Галетановски со став за идните градоначалници

„СЛЕДНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА СКОПЈЕ НЕК СИ ПОТПИШАТ ИЗЈАВИ ЗА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ“: Галетановски со став за идните градоначалници