МЕТЕОАЛАРМ: Следуваат поројни дождови, грмежи и невреме!
Објавено во: Македонија 21 Април, 2025 07:30
Почнувајќи од утре (понеделник 21 април) па речиси до крајот на неделата под влијание на циклонска активност над Медитеранот, во нашата Република Македонија ќе има честа појава на повремени врнежи од дожд, и истите на повеќе места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Локално процесите ќе бидат во форма на невреме, односно поинтензивни и проследени со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и со услови за појава на град.
И во Скопскиот регион следува многу променливо време со повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер. И во делови од Скопската котлина е можна појава на невреме.
Температурите и поркај ова остануваат без некоја поголема промена во однос на оние кои ги имаме сега, што значи продолжува топлото време, а барем одсега гледано, позначителен пад на температурите ќе имаме за време на следниот викенд.
Апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува присуство на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер авотмобилите да се зашитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат во близина на дрвјата“, вели тој.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




