26 Април, 2024
0.0353

Коста Петров: СДСМ е целосно подготвена да учествува во процесот на декриминализација на канабисот

Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

На Форумот за канабис, на кој главната дебата се одвиваше во насока на можностите, политичката волја и ангажманот на граѓанските организации во процесот на декриминализација и легализација на канабисот, говореше и потпреседателот на СДСМ, Коста Петров, кој нагласи дека, владејачката СДСМ е во чекор со европските процеси, и во таа насока настојува да отвори дебата за сите теми за кои постои интерес кај граѓаните.

Според него ова е историска можност, и токму во време кога се отвораат безброј економски пареспективи, како што рече, ставот на СДСМ е активно учество на партијата во процесот на декриминализација на канабисот.

-Самиот факт што сум тука значи дека ние во партијата сериозно дискутираме на оваа тема. Но ние сме модерна и европска партија и ги следиме процесите. Граѓанските организации имаат конкретни барања во врска со канабисот и ние мораме да зборуваме за нив. Ние во партијата зборуваме за ова и поддржуваме процес на декриминализација, нагласи Петров и додаде дека не го знае ставот на СДСМ од претходно, но дека сега тој став се менува и токму неговото присуство на форумот многу зборува за подготвеноста на СДСМ да учевствува во процесот на декриминализација на канабисот.

Петров особено ја нагласи важноста од едукација за декриминализацијата на канабисот и тоа од два аспекти, пред се здравствениот, како и економскиот. Вели дека целиот процес ќе трае долго, но, смета дека ако постои политичка волја и посветеност на граѓанските организации може да се успее.

Заеднички да ги дефинираме, прво декриминализацијата, а потоа да дискутираме како ќе оди процесот, кој модел ќе го следиме, дали ќе имаме комбиниран модел, дали како Холандија, Португалија или Италија. Ова е процес што ќе трае, но со добра политичка волја и со фокус на едукацијата ќе ги видиме сите ефекти на канабис. Економскиот бенефит не може никој да го негира. Само во Канада влегоа 8.4 милијарди долари, имаше 10 000 вработувања, а црниот пазар падна за 20 отсто, истакна на Форумот за канабисот, потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

Здружението „Билка“, повторно излезе со барање за легализација на канабисот во Македонија. Активистите, побараа легална употреба на канабисот, до 50 грама, и дозволено одгледување, до 10 стебла за рекреативна употреба.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“