СДСМ: Мицкоски да каже јасен став за референдумот
Објавено во: Македонија 26 Август, 2018
Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски го условуваа формирањето на Државната изборна комисија со барањето да се донесе закон за финансирање на партиите со пари од Буџетот.
Зошто тогаш Мицкоски не се откажа од буџетски пари, прашуваат од СДСМ.
„Мицкоски нека не глуми загриженост туку да каже јасен став за референдумот. Владата предводена од СДСМ има обезбедено средства за реконструкција и изградба на нови училишта. Меѓу нив е и гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово која ВМРО ДПМНЕ ја заборави 11 години. Владата и надлежното министерство преземаат мерки со цел да се испочитуваат договорените цени за откуп на грозјето, откупот да биде навремен и целосен, со што навистина се вреднува трудот на лозарите“- велат од СДСМ.
Дополнително, велат ВМРО ДПМНЕ со условувањето на ДИК го доведоа во прашање и распишувањето на референдумот.