СДСМ ВЕТУВА: 3 милијарди евра за патна инфраструктура во наредните 10 години
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2016
Сериозен инвестициски циклус од 3 милијарди евра за 10 години само за патна инфраструктура, ветува СДСМ.
„Веднаш по смената на власта на 11 декември, новата влада предводена од СДСМ ќе вложува во изградба на патишта, без разлика дали се тие локални или регионални“, најави денеска опозицијата.
Според потпретседател на СДСМ Дамјан Манчевски , Делчево и регионот ќе добијат нов со кој значително ќе се подобри животот на граѓаните од овој дел во Македонија.
„Владата предводена од СДСМ преку инвестициите во инфраструктурата не само што ќе ги подобри условите за живот, воедно ќе отвори и нови работни места за луѓето што ќе бидат ангажирани преку градежните фирми и во другите сродни области. Тоа не води кон нашата крајна цел – повисок стандард и повисоки плати за граѓаните“, истакнувал Манчевски.
Тој вели дека владеачката гарнитура во последните 10 години целосно го запостави овој регион а патот Делчево-Виница на којшто денес беа е еден од најдобрите примери за тоа како овој регион беше запоставен.
„Ние ќе вложуваме во патишта во
овој регион и во останатите делови од Македонија. Власта предводена од
ВМРО-ДПМНЕ по 10 годишни владеење ја остави Македонија со разрушени патишта и
руинирана инфраструктура. Наместо да вложува во патишта, вложија 100ци милиони евра во лудилото со
Скопје 2014, во споменици, жални врби, барокни фасади и фонтани“, вети Манчевски.