Се бара притвор за малолетникот кој усмрти пензионер со голф во Бутел, полицијата го претстави како полнолетен

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2023
Јавен обвинител до Судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје побара притвор за момчето од скопски Брест кое со голф 5 прегази пензионер во скопската населба Бутел.
Според соопштението на скопското обвинителство, се испостави дека момчето било малолетно, имало само 17 години, а не онака како пто претстави полицијата во својот извештај дека е 18-годишен. Лицето немало возачка дозвола.
Малолетникот ќе се гоини за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
„Без да има важечка возачка дозвола, детето на возраст од 17 години, на 27 јануари во вечерните часови, управувало автомобил „Фолксваген голф“, сопственост на неговиот татко. Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, доведувајќи го во опасност животот на луѓето.
Возејќи по улицата „Босна и Херцеговина“, стигнал до крстосница со улиците „Александар Урдаревски“ и „Кемал Сејфула“, но не ја приспособил брзината на движење кон својствата и состојбата на патот. Како резултат на тоа, со предниот лев дел од автомобилот удрил во пешак кој го поминувал коловозот на обележан пешачки премин. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место“, објави ОЈО.
Полицијата претходно објави дека вчера во 20.15 часот било пријавено дека пола час претходно тинејџер од село Брест со голф 5 усмртил пешак на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“ во Скопје.
И.Ј.(18) со возилото со скопски регистарски таблички удрило во пешакот Ш.Р.(71) од Скопје.
На местото на несреќата пешакот им подлегнал на повредите, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, додека возачот И.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.
Можеби ќе ве интересира
ВЕЧЕРВА СМЕ ДРАМАТИЧНО ЗАГАДЕНИ - Скопје е петти најзагаден град во светот, еве кои се пред нас на неславната листа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ахмети пееше пред митинг, а Грковска го опоменала Груби за играњето фудбал

Маричиќ: Владата е подготвена да ѝ даде на ВМРО-ДПМНЕ да ги формулира амандманите за Бугарите во Уставот
Максим Димитриевски: Јас не плаќам даноци за да седите во кабинети и пеете

„ГИ ОПОМЕНАЛА БРЕ, НЕ МИ СЕ ВЕРУВА“ - Најчевска со жестока реакција откако Грковска се огласи за функционери на ДУИ

Разбојници упаднале во продавница да крадат, но си заминале со празни раце

Ковачевски за уставните измени: Јас не сум политичар којшто е дојден да убедува или да разубедува некого

НЕМА ДА ОДАТ ВО ЗАТВОР: Пратениците изгласаа амнестија за прекршителите на Ковид протоколите
