СЕ БАРААТ ДИРЕКТОРИ ЗА БИТНИ ПОЗИЦИИ – ќе има ли промени во раководните структури на Царина и УЈП
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2024 07:39
Владата распиша огласи за пријавување кандидати кои би раководеле со две многу битни институции во државата. Станува збор за институции надлежни за полнење на државната каса, и институции кои ги спроведуваат даночните регулативи, но и се грижат за увозот и извозот од нашата земја. Веќе е јасно дека станува збор за Управата за јавни приходи, како и за Царинската управа.
Владата на својата веб страна објави оглас со кој бара кандидати кои би се пријавиле на овие директорски позиции.
За кандидатите за директор на Царина и УЈП во огласите е напоменато дека идниот директор мора да е државјанин на Република Македонија, во моментот на именувањето не смее да му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност. Треба да има високо образование и најмалку пет години работно искуство, како и потврда за солидно познавање на англиски јазик која не е постара од пет години и тоа од една од светски признаените.
Но, покрај ова, Владата бара заинтересираните кандидати да пополнат и посебен образец со кој треба да го опишат кариерниот развој во последните 10 години. Но и да го наведат досегашното знаење за законите и актите кои ја уредуваат директорската позиција во Царината или во Управата за јавни приходи. Ќе треба да посочат и свои концепти и модели за управување со институцијата, особено за првата година од работењето. Се бара и солидно познавање на областа која се уредува, а деталите може да ги видите на овој линк.
Платата за овие директориски позиции не е објавена, но и во двата огласи Владата напоменува дека „коефициентот за пресметување е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија“. Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
Како што е веќе познато од неодамна Владата назначи вршители на должност на позициите директор на Царинска управа и на Управата за јавни приходи.
Бобан Николовски е в.д. директор на Царина од крајот на јуни, но тој работел во оваа институција од 2008 до 2022 година, кога преминал да биде директор на ЈП Куманово план.
Што се однесува пак до УЈП, таму на директорската позиција по смената на власта е Елена Петрова, која исто така има долгогодишно работно искуство во институцијата. Таа е 25 години во управата, иако одредени години има работено и во Министерството за финансии.
Дали со овој оглас Николовски и Петрова ќе бидат и официјално назначени за директори на институциите каде сега се поставени да раководат, ќе видиме наскоро.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




