27 Април, 2024
0.0286

Се зголемува бројот на договори со лиценцирани управители на згради, инспекторите за домување ги нема никаде

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Во Скопје бројот на склучени договори со лиценцирани управители на згради на крајот од 2018-та достигна 1.998, што е за 258 повеќе од една година претходно, но Комисијата за домување се пожали дека бројот на инспектори за домување кај општините е намален, а и тие што ги има не излегуваат на терен . Од другите поголеми градови има напредок во склучувањето на договори со лиценцирани фирми за одржување на станбени и деловни објекти само во Куманово и Велес, додека забележителен пад има во Битола, Охрид, Штип и Струмица.

Само во последните шест месеци се примени околу 170 пријави на спорови помеѓу граѓани-сопственици на станови и деловни простории , претседатели на заедници на сопственици (т.н. куќни совети) и управители. Заклучокот е дека граѓаните најмногу се жалат на нерегуларности, поради одбивање на управителите да ги префрлат средствата од резервниот фонд на новиот управител или на новата заедница на сопственици, како и предавањето на целокупната документација но исто така голем број од предметите се однесуваат на нефункционирањето од страна на општинските инспекори за домување во општините и општините на Градот Скопје.

- Со тоа се отежнува работата на лиценцираните управители, како и функционирањето на регистрираните заедници на сопственици. Сите прибрани информации се показател дека присутноста на терен од страна на општинските инспектори за домување е дури незабележителна, односно општинските инспектори за домување не се доволно ангажирани во процесот на спроведување на Законот за домување - се вели во тукуштообјавениот извештај на Комисијата.

Според доставените податоци од страна на општините, за 2018-та постојат само 10 инспектори за домување. 

- Повеќе од очигледен е фактот дека има недостаток на инспектори за домување во општините во Македонија. Притоа, неземајќи го во предвид и фактот дека не е доволно само да се има инспектор за домување во општината туку повеќе од потребно е овластениот инспектор за домување да излезе на терен и да провери кои згради се управувани од страна на лиценцирани управители или пак од страна на Заедници на сопственици - сметаат во Комисијата за домување.

Повеќе згради под грижа на управители отколку со заедници на сопственици

На крајот од 2018-та имало 53 фирми кои се активни со управување на градите. Во овие лиценцирани фирми се вработени преку 439 лица. Додека пак, индиректно преку договори за услуги од делокругот на управувањето (одржување хигиена, занаетчиски работи и слично) се обезбедува работа и за голем број вработени од други претпријатија за услуги. Претходно, на единаесет правни лица им се одземени лиценците, а осум сами ја имаат вратено.

Во последните шест месеци има благ пад на бројот на станбени згради кои се управувани од лиценцираните управители и нивниот број сега изнесува 3 318 (со вкупно 80 621 станови и локали). Во првата половина од ланската година 3 394 биле под надворешна управа од лиценцирани фирми, што е за 76 повеќе но со помалку опфатени станови и локали (77 850).

Според податоците добиени од Централниот регистар на Република Македонија, до средината на месец Декември 2018 година има регистрирано вкупно 2 769 заедници на сопственици. Додека пак, бројот на згаснати заедници на сопственици има драстичен пораст и истиот за овој период изнесува 707 заедници. Најголем број од станбените згради кои ги згаснале заедниците на сопственици, имаат донесено одлука за ангажирање на лиценциран управител, па се очекува овој тренд да продолжи и во иднина.

Голем број на згради под ничива управа

Се уште постојат 4.000 згради кои и натаму немаат определено свој лиценциран управител или пак, се уште немаат регистрирано заедница на сопственици. 

Ако се земат во предвид податоците од последниот попис од 2002 година, според кои во Република Македонија има околу 10 000 станбени згради, тогаш може да се заклучи дека само 60 отсто од нив се управувани согласно Законот за домување. 

A.K.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра