Се јави Веле Самак: Македонија добива датум само ако отвори бегалски кампови
Објавено во: Економија 25 Јуни, 2018
Ексминистерот Веле Самак итниот состанок на Европската Унија за новата криза со мигранти го оцени како обид за спас на германската канцеларка Ангела Меркел од кризата која се очекува набрзо повторно да го зафати европскиот континтент.
Самак вели дека на состанокот германската канцеларка побарала прифатни центри за мигранти во
земјите од Балканскиот полуостров, конкретно Македонија, Албанија и Србија, а за возврат тие да
добијат датум за почеток на преговорите со Унијата.
-ЕУ мини-самит за спас на Меркел ради мигранти: Меркел ќе бара азил- центри во Албанија,
Македонија, Србија. За возврат почеток на преговори со Албанија, Македонија. Ради деликатноста со
геноцидниот договор Македонија не се спомнува јавно, напиша Самак на социјалните мрежи.