Се менуваат граници во Европа, кој губи територија?
Објавено во: Свет 30 Ноември, 2016
Белгија ќе биде нешто помала, а Холандија поголема кога ќе заменат територии.
Кога Белгија во 1830 година станала независна делот покрај реката Маас е повлечен, а по зголемување на самата река делови од двете земји останале од другата страна на реката и таму може да се стигне само со чамец.
Според договорот за размена на територија, Белгија ќе се откаже од два острови со површина од 16 хектари, а Холандија ќе даде 3 хектари во замена.
Се очекува дека замената ќе стапи на сила во 2018 година, а двете земји ќе мора да ги ратификуваат спогодбите кои во понеделник министрите за надворешни работи ги потпишаа.
Дидиер Рејндерс, министер за надворешни работи на Белгија вели дека е постигнат договор без конфликт.