Се наѕира финалниот изглед на зелениот покрив на ГТЦ
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2019
На зелениот покрив со површина од 1.800 квадратни метри треба да бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници, да бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, партерно шаховско поле, и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.
Со зазеленувањето на покривот на ГТЦ, делумно треба да се надомести загубеното зеленило во Малиот ринг коешто до 2017 година претрпе големи загуби, а проектот треба да поттикне и други вакви иницијативи.