СЕ НАОЃА ВО ЕВРОПА: Ова е градот со најдобар квалитет на живот
Објавено во: Свет 05 Јуни, 2019
Жителите на швајцарскиот град Цирих имаат најдобар квалитет на живот.
Ова го покажа истражувањето „Mapping the World’s Prices 2019“ на Дојче банк.
Истражувањето ги опфаќа трошоците за живот и животниот стандард и ги споредува со квалитетот на живот во 56 града врз основа на различни фактори како што се куповната моќ, безбедноста, здравствените услуги, трошоците за живот, пристапот до сопствен дом, јавниот превоз, загадувањето.
Франкфурт годинава паднал за четири места, на 13. место, Париз е на 36. место, а Лондон на 41. место.
Десет града со најдобар квалитет на живот се Цирих, Велингтон (Нов Зеланд), Копенхаген (Данска), Единбург (Велика Британија), Виена (Австрија), Хелсинки (Финска), Мелбурн (Австралија), Бостон (САД), Сан Франциско (САД) и Сиднеј (Австралија).
На дното на листата се наоѓа најголемиот град во Нигерија – Лагос, а пред него се Пекинг и Манила.
фото Википедија