26 Април, 2024
0.0347

СЕ ОБЛЕКУВА БРЕНДИРАНО, ЖИВЕЕ НА ВИСОКА НОГА И БЕЛГРАД И Е ОМИЛЕНА ДЕСТИНАЦИЈА - што крие Маја за исчезнувањето на Матеј

Објавено во: Балкан 19 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Сè уште многу малку се знае за исчезнувањето на Матеј Периш (27), кому му се изгуби секоја трага ноќта меѓу 30 и 31 декември во Белград, кога малку пред 02 часот по полноќ го напуштил клубот „Готик“ во Бетон халата, а се зборува дека многу тајни крие сплиќанката Маја С., со која Матеј кобната вечер двапати разговарал.

Мистериозната сплиќанка предизвикала сомнежи кога, како што се наведува, го сменила исказот, па во полиција наводно изјавила дека Матеј користи опијати, а потоа ги избришала социјалните мрежи и ги блокирала сите луѓе кои имаат некаква врска со овој случај.

Прво, според извор на хрватскиот медиум, Вечерњи.хр, изјавила дека спиела кога тој се јавил, а потоа дека се слушнала со него додека бил во „Готик“, но дека не го слушнала бидејќи имало врева во кафеаната во која била во тоа време.

„Тоа беше случајна средба и таа потоа накратко ми кажа дека таа и Матеј не се слушнале, но дека го пропуштила неговиот повик. Таа вели дека спиела... Но, тоа било пред 23 часот кога бил приклучен на WiFI мрежата и кога била снимена неговата последна активност на WhatsApp“, изјави Ненад Периш, таткото на исчезнатиот Матеј.

Потоа по сослушувањето во полицијата се појави друга верзија на нејзината изјава.

„Маја често е во Белград, а на социјалните мрежи наводно објавила слики од забава од клуб во близина на местото каде што исчезна Матеј. Не се знае дали била таму вечерта, но не е исклучена можноста Периш да отишол да се најде со неа“, изјави за Вечерњи.хр лице од истрагата и додаде: „Наводно рекла дека одговорила на повикот и дека не слушнала што ѝ кажува Матеј, бидејќи во барот имало гласна музика“.

Таа потоа ги блокираше сите што ја прашуваа за Матеј и исчезна од мрежите, што дополнително ги „подгреа сомнежите“ дека сплиќанката знае „нешто повеќе“, со оглед на тоа дека тие двајца се пријатели цел живот. Поточно, Матеј и нејзиниот брат пораснале заедно.

Сплитјанката Маја С., која поседува две фирми за поморски транспорт и туризам, води многу скап живот.

„Се облекува брендирано, секогаш е негувана и излегува само на ексклузивни места. Сака луксуз и често се фали со тоа на социјалните мрежи“, изјави соговорникот од Сплит и додаде:

„Го живее животот на висока нога. Често патува, а Белград и е една од омилените дестинации и таму може да остане и еден месец. Таа сака таков живот и може да си го дозволи“, изјавил тој.

Локалната полиција акцент стави на неговите пријатели, односно на шест момци кои биле во негово друштво во Белград, кои, како што рекоа, „ќе ги испрашуваат ако треба и 7 пати“ бидејќи, како што тврдат, тие се единствените кои знаат што точно се случило.

Своето сведочење пријателите на Матеј го дадоа на белградската полиција. Тие потоа беа тестирани со полиграф и поминаа полиграф. Бидејќи инспекторите не констатирале ништо сомнително, биле пуштени од полиција.

Ден по пристигнувањето на таткото на исчезнатиот сплиќанец Ненад Периш во Белград, шест пријатели заминале во Загреб. Еден од нив го зел „аудито“ на Матеј и го возел до Сплит.

Извор: (Курир.рс/Блиц/Вечерњи)

Фото: Курир.рс

Можеби ќе ве интересира

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син