14 Декември, 2025
0.2032

СЕ ОЧЕКУВА ДА ПАДНЕ И СНЕГ! Попоски соопшти дека ни доаѓа огромна промена на времето

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2025 07:20

Добивај вести на Viber

Под влијание на голем влажен бран од Медитеранот, од следните часови, почнувајќи од југозападните предели од нашата Македонија (Охридско, Струшкиот  и Преспанскиот регион) , ќе се прошируваат обилни врнежи од дожд, и до денес (петок 16 мај) навечер на повеќе места низ Македонија ќе наврне значително количество на воден талог (над 20/30 литри на метар квадратен дожд, локално и над 40 литри на метар квадратен дожд, вели метеорологот Славчо Попоски.

„И во Скопје и околината за време на овој период ќе има пообилни врнежи од дожд.

Веќе денес во текот на денот и навечер од север и од североисток ќе се спушта значително поладен воздух кој значително ќе ги спушти температурите на воздухот, и тие ќе бидат значително потпросечни за средината на месец мај. Поради падот на температурите, на планините (над 1400/1500 метри надморска височина) ќе има врнежи од снег  и ќе се формира снежна покривка, во дел од планините  и со висина од над 10 cм снег, особено во крајните западни и северозападни предели од нашата Македонија.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец.

Температурите утре (петок 16 мај) на повеќе места нема да надминуваат 10 степени, а во делови од Македонија тие  ќе бидат и под 10 степени а само во Повардарието тие ќе се искачат до околу 15 степени. На високите планински места тие ќе бидат до близу 0 степени, а на местата со надморска височина од над 2000 метри тие ќе се спуштат  и под нулата.

Поради обилните врнежи кои ги очекувам во следниот период, истите можат да условат зголемување на нивоата на реките  и на езерата во нашата Македонија, а можни се  и локални поплавувања, токму поради ова, бидете крајно внимателни, особено ако се движите покрај реките и водотеците“, вели Попоски.


Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово