Се очекува топлотен бран во овој период од годината
Објавено во: Свет 16 Април, 2018
Во наредните пет дена во Европа температурата на воздухот ќе биде повисока од просечната за ова време од годината, прогнозира „Север Ведер Јуроп” (СВЕ).
Во поголем дел од континентот пристигнува многу топол период.
Во Централна Европа и делови од Скандинавија ќе има до десет степени Целзиусови повеќе од просечните температури за овој период од годината.
На Балканот има можност за појава на бура и грмотевици, како и силен дожд и силни ветрови.