СЕ ОЧЕКУВАШЕ ЛИ ПОВЕЌЕ - РКЕ ги поевтини бензините и минимално го поскапе дизелот
Објавено во: Економија 30 Март, 2020
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,31 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 23.03.2020 година.
Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 денари за литар и ќе изнесува 48,50 ден/лит. Кај малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се бележи намалување за 1,50 денари за литар и ќе изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 23.03.2020 година и ќе изнесува 46,00 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 35,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,153 денари за килограм и ќе изнесува 18,891 ден/кг.
Односно, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 48,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 50,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 46,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 35,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 18,891 (денари/килограм)
Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените е курсот на денарот во однос на доларот и референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалување и тоа кај бензинот во просек за околу 14,70 отсто, кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 0,93 отсто, кај екстра лесното масло има намалување во просек за околу 0,64 отсто и кај мазутот се регистрира намалување во просек за околу 0,94 отсто.
Во исто време курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов седумдневен период е зголемен за 1,54 отсто. Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.03.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторната комисија за енергетика.