13 Мај, 2024
0.0454

Се одмотува ли случајот со криминалната инвестиција во земјава?

Објавено во: Економија 29 Август, 2018

Добивај вести на Viber


Се одмотува ли случајот со криминалната инвестиција во земјава, случај за кој во интервју за Фактор сведочеше директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Иако поради истрагата, Муареми не откри детали, замрзнат е имотот на компанијата која инвестирала во земјава. Молчат и директорите на институциите кои се одговорни за инвестициите во земјава. Десет дена откако Фактор го обелодени случајот нема никаква реакција во јавноста.

Муареми во интервјуто тврдеше дека не може да соопшти сума и точни податоци, но дека работат на таков случај кој е поврзан со странска инвестиција.

„За брзо време ќе излеземе со уште еден случај кој како инвестиција е со поголеми размери и со милионски суми во евра како штета.  По завршувањето на истрагата ќе се уверите дека има и такви странски инвестиции кои се дојдени со една намера. Што повеќе да добијат и од државата и од другите фондови и да си отидат од Македонија, рече Муареми.

Веќе објавивме и дека директорите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и на Дирекцијата за технолошко развојни индустриски зони немаат прецизен коментар за случајот. Вулнет Адеми кој директорува во Агенцијата и кој е најповикан да одговори и покрај напорите, па и испратените писмени прашања, не сакаше да каже ниту збор за случајот. Одмолча и за тоа дали соработуваат со финансиската полиција и кој е нивниот став. Александар Младеновски, директорот  на Дирекцијата за слободни зони за Фактор изјави дека никој не се обратил до нив за да дадат какви било информации. Вели дека не мора да значи оти инвестицијата е во некоја од зоните.

„Не се обратиле, ама ако го сторат тоа ние ќе соработуваме. Ќе отстапиме каков било документ кој им е потребен, вели Младеновски.

Анализа која ја објави Владата пред точно една година покажа дека Македонија за 10 години (од 2007  до 2017 година) за странските директни инвестиции издвоила 225 милиони евра. 

Во тој период во земјата влегле 25 компании кои вработиле вкупно 20 илјади лица. Доколку се подели бројката на потрошени пари за странските директни инвестиции излегува дека секој  работник Македонија ја чинел во просек по 11 илјади евра.


Можеби ќе ве интересира

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?