Се огласи екипата на „Медена земја“ откако Атиџе Муратова бараше помош преку донации
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2020 16:45
Додаваат дека на отворената сметка за протагонистите собрани се средства, а меѓу другото, со свои издвоени средства учествуваше Владата, како и Советот на Град Скопје.
„Исто така, како дополнителен проблем се јави и социјалната помош, која протагонистите ја земаат редовно. Доколку им беа исплатени други средства, тогаш, по автоматизам, социјалната помош ќе им беше укината. Затоа, од институциите чекавме да биде изработен модел за месечно исплаќање на конкретна сума, без да ја изгубат постојната социјалната помош. Со цел да не се доведува јавноста во заблуда на каков било начин, одлучивме сите досега собрани средства одеднаш да бидат префрлени на протагонистите, наместо да се најде правно решение тие да добиваат месечни надоместоци, а притоа да не биде загрозена социјалната помош што веќе ја примаат. Дополнително, здружението „Бекирлија“, како и страницата за донации, ќе бидат затворени. Би сакале да нагласиме дека Атиџе Муратова, за нејзиното учество во документарниот филм, има потпишано документ, со кој ни дава право да го користиме нејзиниот лик и дело во филм. Во документаристиката постои принцип да не им се плаќа хонорар на протагонистите, ниту да се интервенира во нивните животи. Но, ние, сочувствувајќи со нив, сепак одлучивме да им помогнеме. Горенаведените донации и активности се доказ дека тие не само што не беа заборавени од екипата туку, напротив, им беше дадена несебична помош. Екипата на филмот не заработила од милионските суми, презентирани на некои медиуми. Тие пари завршуваат кај дистрибутерите кои вложија финансии во кампањите за промоција на филмот. Всушност, кампањата за „Оскар“ чинеше повеќе од вкупната презентирана сума. Македонија и светот се полни со силни приказни што заслужуваат да бидат документирани, а ние ќе продолжиме да создаваме со несмален интензитет и посветеност. Личности како нашите протагонисти има многу, но документаристи сме малкумина. Документарниот филм е медиумот што ние знаеме добро да го работиме и длабоко веруваме дека со следните проекти на кои работиме повторно ќе ги освоиме филмските фестивали. Нашата работа како промотори на културата продолжува. На крајот, би сакале длабоко и најсрдечно да им се заблагодариме на сите медиумски куќи што од почетокот соработуваат со нас и го поддржуваат филмот. Во меѓувреме, „Медена земја“ продолжува да реди интернационални успеси, признанија и пофалби во светските медиуми, меѓу кои е и репортажата на „Њујорк тајмс“ направена со екипата на филмот и Атиџе во Бекирлија“, се наведува во реакцијата.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




