27 Април, 2024
0.0270

СЕ ОГЛАСИ ЕСМ ЗА ЕВТИНАТА СТРУЈА - сите прјавени ќе ја добијат од први декември, ги повикаа фирмите да не даваат паушални оценки и критики

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Процесот за снабдување со поевтина електрична енергија за клучните субјекти по одлуката на Владата тече непречено и без никаков застој, и сите пријавени кои исполнуваат услови ќе добијат електрична енергија од ЕСМ Продажба од 1 декември.

„ЕСМ Продажба ги отфрла неоснованите изјави од страна на одредени претставници од стопански асоцијации во кои без аргументи и надвор од вистината се критикува процесот и се изнесуваат паушални оценки дека истиот е запрен, како и критики за службите кои истиот го спроведуваат.

Сите лица кои се заинтересирани ги повикуваме да се обратат до ЕСМ Продажба за информација како тече процесот и постапката, пред да даваат јавни изјави.

Исто така, апелираме на одговорност кај медиумите, односно согласно правилата за известување, да побараат податок и од ЕСМ Продажба, пред да пренесуваат во јавноста критички ставови на лица кои не поседуваат податоци за вистинската состојба. 

Субвенционираното снабдување со електрична енергија за училиштата, прехранбената индустрија и водостопанствата е ново задолжение дадено на АД ЕСМ од страна на Владата. При секое ново задолжение кое не било дел од тековното работење на Друштвото, потребно е време за воспоставување на системот и процедурите за негово спроведување, набавка и инсталирање на софтвер, обезбедување соодветни ресурси за физичко и правно процесирање на договорите и комуникација со субјектите кои се од цела држава и од различни категории на дејност.

Во интерес на вистината, информираме дека ЕВН Електродистрибуција континуирано ги обработува пријавените броила и за истото го известува ЕСМ Продажба, по што директно се контактираат правните субјекти и се информираат дека договорот за снабдување од 1.12.2022г им е важечки и дека ќе им биде испратен заверен од страна на снабдувачот.

Од 1.820 броила за сите пријавени субјекти,  Дистрибуција во рок од три дена, до овој момент, верификува снабдување за повеќе од 1.000 броила и процесот на проверка на останатите продолжува.

Субјектите кои имаа пријави со некомплетна документација се упатени од страна на ЕСМ Продажба да ги добават документите кои недостигаат, со точни инструкции и понудена асистенција. Утврдени се само околу 20 такви случаи, кои по извршено комплетирање на документите ќе бидат вклучени на поевтино снабдување од  1.1.2023г.“, се вели во соопштението од ЕСМ продажба.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра