26 Април, 2024
0.0376

СЕ ОГЛАСИ ХАГ: Ратко Младиќ не е мртов

Објавено во: Балкан 11 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Ратко Младиќ не е мртов, изјавила Хелена Еглстон од прес канцеларијата на Хашкиот трибунал, откако на интернет почнаа да кружат информации дека починал. 

Дека поранешниот генерал на српската армија Ратко Младиќ не починал, потврди неговиот син Дарко Младиќ за телеграф.рс. 

„Се слушнав со него пред половина час. Звучеше добро. Адвокатот сега е со него. Се ова засега го сметаме за лажна вест“ – рекол Дарко Младиќ за телеграф.рс.

Првичните информации говорат дека веста се проширила од лажниот профил на министерката за надворешни работи на БиХ, Бисерка Турковиќ.

Претходно српските медиуми, објавија дека генералот на војската на Србите во Република Српска, Ратко Младиќ починал денеска во Хаг, повикувајќи се на информација објавена на Твитер од министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина. 

Хашкиот трибунал со првостепена пресуда изречена во ноември 2017 година, го осуди Младиќ на казна доживотен затвор, прогласувајќи го за виновен за геноцид извршен во Сребреница во 1995 година, за прогон на Бошњаците и Хрватите низ Босна и Херцеговина, за тероризирање на населението во Сараево и за земање на припадници на УНПРОФОР како заложници.

Младиќ се жалеше на оваа пресуда, но истото го стори и Хашкото обвинителство, барајќи тој да биде прогласен за виновен и за геноцид во шест други општини во БиХ, извршен во 1992 година.

Можеби ќе ве интересира

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син